Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 61-62 | година XI | јули-октомври, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 61-62јули-октомври, 2008
Критика

Манифест на монтажното и неконформистичкото

(„Раковиот напоредник“ од Хенри Милер)


/2
стр. 1
Игор Исаковски

Несомнено еден од најзначајните светски романи, „Раковиот напоредник“ (Tropic of Cancer, Париз, 1934) на Хенри Милер не престанува да предизвикува книжевни дебати и расправии, дури и после 74 години од своето прво издание. Во ова свое прво објавено дело (другите две, напишани претходно, „Молох, или овој нежен свет“ и „Луд петел“ се објавени постхумно) Милер експериментира со книжевниот израз: експеримент кој ќе остави длабоки траги во цивилизациското наследство на современиот роман во 20-тиот век. Користејќи ја монтажата како основен книжевен алат, Милер во „Раковиот напоредник“ создава колаж од поезија во проза, живи и жестоки дијалози, луди и чиниш незапирливи монолози, пејзажи кои секогаш отсликуваат уште нешто друго освен пејзажот сам (душевни немири, телесни ламтежи, диви пијанства…), галерија од флуидни ликови кои се тука со една и единствена цел: авторот низ нив остро да ги критикува општеството, уметноста, светот. Да биде сликата потполна, Милер сето ова го зачинува со надреалистички пасажи кои можат да послужат како показен пример во секоја студија за тек на свеста. Оваа монтажна постапка се транспонира во книжевноста на доцниот 20-ти век: постмодернизмот и денес ја има како едно од своите врвни начела.
    Но, влијанието на „Раковиот напоредник“ (и на целиот Милеров опус воопшто), станува видливо многу пред постмодернизмот; без влакна на јазикот, Милер создава книжевен израз кој е самиот по себе бунт и рушење на конвенциите. Книжевниот израз на Милер е општествен акт, спротивставување на конформизмот, лицемерието, потрага по нов ослободен човек. Токму затоа, неговото влијание најпрво се гледа во начинот на кој американската Бит генерација ги доживува светот и своето место во него: бунтот кој Милер го потпалува во триесеттите години на минатиот век се транспонира, низ разни форми и облици, во книжевноста на поголемиот дел од дваесеттиот век.
    Самиот роман раскажува приказна на какви што денес сме веќе навикнати: за самотијата и осаменоста на единката во градот, за борбата за опстанок и себеостварување. Милер својата приказна ја склопува лесно и неоптоварено: нему како да не му е најважно приказната да ја раскаже, туку да открие повеќе за себеси и светот раскажувајќи ја. Затоа ликовите се флуидни: без секој од нив овој роман би можел, но на нараторот му требаат затоа што тој во нивното делување и интеракција наоѓа нови и неистражени патеки во мислата и свеста. И самиот Париз е лик во „Раковиот напоредник“: вечно присутен, час привлечен и љубезен, час мрачен и студен и груб. Париз на Милер не е само град на светлината:






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+