Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 61-62 | година XI | јули-октомври, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 61-62јули-октомври, 2008
Звук Осврти

Скопје Блуз и соул фестивал 2008

/3
стр. 1
Васја Ивановски

Годините минуваат, но скопскиот блуз и соул фестивал сè уште претставува институција, непресушен извор на одлична музика и позитивни вибрации. Годинашното издание не беше исклучок, а тоа можеше да го потврди секој што беше присутен. Дводневното случување ги задоволи сите љубители на блузот и на добрата музика воопшто и повторно ја заживеа идејата овој настан да трае подолго. Одличната листа на изведувачи презентираше разновидна блуз програма која ги покажа современите аспекти на светската блуз сцена.

Честа да го отвори годинашниот фестивал му припадна на Венко Серафимов и неговиот состав The Bluesfakers, група ветерани и надежи на македонската блуз сцена. Венко Серафимов е одличен гитарист, композитор и аранжер, вистинска легенда на македонската музичка сцена. Неговиот богат опус вклучува еден од најдобрите македонски рок албуми воопшто, со составот од осумдесеттите години од минатиот век – „Конкорд“ – потоа музика за филм, театар и ТВ проекти кои му донесоа и меѓународна репутација како автор од највисок ранг. За фестивалскиот настап Венко подготви разновиден сет на музика кој содржеше материјал од неговите рок денови, блуз и рок стандарди на познати светски автори и сето тоа звучеше квалитетно во жешката скопска ноќ. Неговиот состав ги искажа сите свои квалитети и ги потврди епитетите на домашните познавачи на блузот, а младата и талентирана вокалистка додаде доволно шарм сите да бидат задоволни во секој поглед. Венко уште еднаш се потврди како гитарист од висока класа, иако овој настап се случи по подолга пауза, но неговата долгогодишна желба да се претстави и во блуз амбиент конечно се оствари, така што понудата за настап едноставно не можеше да ја игнорира! Неговиот флуиден начин на свирење беше внимателно следен од сите, особено од бројните гитаристи кои не ја пропуштаат оваа манифестација. Одличен почеток на вечерта и заслужен аплауз на Венко и неговите The Bluesfakers.

Ленс Лопез и неговата група пристигнаа во Скопје директно од Далас, Тексас и ја започнаа својата европска турнеја токму во Македонија, се качија на сцената и поставија нови стандарди на изведувачки можности кои ги воодушевија сите присутни. Овој млад гитарист, несомнено од светска класа, се покажа во светлина каква што во Скопје не паметиме, неговиот жесток настап и гитарските бравури и импресивен вокал едноставно го „запалија“ Хард Рок клубот; професионализмот што го презентираше ги надминува неговите години. Коди Норман на тапани и басистот Тони Валдез беа врвно подмачкана машина која совршено се вклопуваше во блузот на Ленс Лопез. Навистина во Скопје не сме имале можност да






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+