Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Есеи

Уметничката критика и авто-референтноста

/4
стр. 1
Сузана Милевска

    Текстот кој го читате во овој момент е авто-референтен во двојна смисла: тој се однесува на проблемот на авто-референтноста и критиката на теориско рамниште, и истовремено, со оглед на тоа што и самата сум критичар на уметноста, се занимава и со праксата на критиката. Тој претставува вид критика на критиката.
    Ова би можело да звучи како сечење на гранката на која се седи, херојски чин; имено, кога ги критикувам критичарите кои, обидувајќи се да најдат нова методологија на критиката, посоодветна за уметностите, се втопија во полето на уметноста – и јас, всушност, го правам истото нешто. Сепак, неопходно е да се укаже на опасноста која го демне изедначувањето на уметноста и уметничката критика: ова не значи нужно дека новиот, покреативен вид критика е непотребен, особено во добата на процут на новите медиуми, туку претставува само барање за еден повнимателен став кон уметничката критика.
    Во моментов постои силна тенденција која се обидува да ја преиспита дистинкцијата помеѓу уметноста и уметничката критика, застапуваќи го ставот дека критичките текстови исто така треба да станат уметнички – самосвесни како и самата уметност. Оваа ориентација не е нешто ново и поврзано исклучиво со постмодернизмот: таа традиција може да се следи наназад до Шлегел, Уајлд (Wilde), Бењамин (Benjamin) и Барт (Barthes). Со овој есеј се обидувам да ја разјаснам потребата од дистинкција помеѓу барањата за покреативна критика во модернизмот и поимот за креативно и самосвесно пишување во рамките на деконструктивистичкиот дискурс.
    Една од клучните поенти кои треба да се имаат предвид со цел да се разлачат претпоставените промени, претставува разликата во приодот на разновидните критички тенденции кон авто-референтноста. Прашањето кое беше најмногу проблематизирано од страна на критичарите на модернизмот, е проблемот на (не)адекватноста на сликата кон нејзиниот референт. Според Крејг Оуенс (Owens) „модернистичката теорија претпоставува дека mimesis-от, адекватноста на сликата кон референтот може да биде ставена во загради или суспендирана, и дека самиот уметнички објект може (метафорично) да биде супституиран за својот референт“[1].
    Згора на тоа, Оуенс смета дека постмодернистичкиот приод кон референцијата е различен, бидејќи тој не го негира референтот, туку ја проблематизира активноста на реферирање. Не е лесно да се наведат аргументи во прилог на ова тврдење, бидејќи не е сосем јасно дали деконструкцијата не е заснована токму врз авто-референтноста, како што тоа го формулираше Пол де Ман (de Man): според него, праксата на деконструкцијата и само-рефлексивноста се еден ист феномен, бидејќи само-рефлексијата е во согласност со реторичката природа на текстот и уметничкиот јазик кој настојува да им

_____________________________________

1. Owens, Craig, “The Allegorical Impulse: Toward a Theory of Postmoderism”, October 12 (1980), p. 84






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+