Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 63 | година XI | ноември-декември, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 63ноември-декември, 2008
Проза

Хаикот на танчарката

/12
стр. 1
Игор Исаковски

Таа имаше лесни и брзи чекори; зад сета таа леснотија се криеше грижливо избрана пресметаност. Секој нејзин потег низ просторот кажуваше збор. За да не се открие докрај, за нејзините зборови да бидат колку таинствени толку и длабоки, таа танцуваше во скапоцен хаик.

* * *

    Тој беше умно и палаво момче. Неговиот татко ткаеше хаици, продолжувајќи ја семејната традиција стара осум колена. Едвај понекогаш, некому од семејството му успевало да исткае хаик со вџашувачка убавина. Тоа се случувало еднаш на секое колено; откога ќе завршел со хаикот, ткајачот паѓал во нешто што наликувало на ментална затапеност и физичка исцрпеност. Тоа траело неколку денови, за кои сето семејство се молело за оздравување на ткајачот.
    На првото колено, семејството било прилично збунето, и – исплашено. Тие ределе разни претпоставки за тоа колку би можела да трае таа чудна замореност, кои се нејзините причини, какви би можеле да бидат последиците… Во меѓувреме, грижливо ги распределувале парите, за во случај ткајачот да не се поврати семејството да биде способно да опстои додека првиот и тогаш единствен син на ткајачот не почне да заработува.
    Ткајачот не само што се поврати од чудната и подмолна болест, туку потоа почна да ткае со многу поголема брзина, како да сакаше да го надомести загубеното време. Така мислеа оние што го гледаа и што се восхитуваа на вештината на неговите раце. Само тој самиот знаеше дека прекрасниот хаик е плод на бавна и упорна работа. Длабоко во себе, копнееше да исткае уште еден таков, па макар му бил и последен, но мислата за обврска спрема семејството го тераше да работи со половина душа, повеќе мислејќи на следниот, отколку на хаикот што во моментот го ткаеше. Оваа работа, се разбира, му донесе дополнителни приходи на семејството, така што кога ткајачот од третото колено по тринеделна работа на еден единствен хаик падна во бессознание, семејството не беше толку загрижено; молитвите не беа толку ревносни и сите знаеја дека се потребни само неколку денови за ткајачот да продолжи со својата работа. Неговиот хаик беше сместен крај другите два. Овде намерно не велам дека бил помалку или повеќе убав од другите, затоа што секој хаик од оние што семејството ги чуваше како ретка скапоценост и реликвија во знак на почит спрема маките на неговиот создател, беше убав, волшебен и прекрасен, на некој свој, посебен начин, што не оставаше место за споредба со другите. Кога кој било од тие хаици би бил издвоен од другите, вие веројатно


Ова е извадок од:
еКнига




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+