Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 63 | година XI | ноември-декември, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 63ноември-декември, 2008
Проза

Будење

/6
стр. 1
Александар Лазов

Воинот призна… Пораз? Не. Победа? Не. Признавањето доаѓа од будењето. Заборавен дури и од самиот себе, не можеше да собере сили ниту за еден здив, обичен, болен, само колку да го потсетува дека е разнесен. Зафрлен по кањоните на проколнатите креатури на бездушноста, чекаше на мигот кога само ќе го здроби чесноста.
    Пресушија солзите, раните беа чувства за постоење, немоста извираше од душата. Но сили немаше. Не сакаше, не мораше. Си го избра поништувањето… Не знаеше ни самиот воин до каде стигна, каде се границите на поморот, а каде малата патека со литици кон темнината.
    Оддалеку на моменти слушаше кажани зборови, недостојни дела, подавање на срамноста, кои го бараа по сртовите. Бегаше во пештерите на непостојаните огнови, го запираше дури и моментот на мислата, само да не биде виден, откриен, а со тоа и посакан. За жртвеникот. За болката, чиј поданик е веќе со милениуми.
    Поминуваа дни, години, ери, воинот си ја негуваше само мислата. Негова, чиста и полна. Не сакаше да е ден, да е ноќ, не сакаше да чека, да очекува, не сакаше да бара, не сакаше да моли. Сакаше само мисла. Да го има… Да не го дава.
    Помни дека беше ден. Кој и каков, не му беше ништо посебно. Го подигна погледот кон небото, беше кристално чисто, како душата негова. Се обиде да му каже нешто, но во последен момент беше спречен… Од стрмните височини пред неговите нозе се најде молитвеник, со орнаменти какви дотогаш немаше видено. Со тешка мисла и потежок чекор се смести до него, плашејќи се од светлината на кориците и златниот клуч кој беше закачен на нив.
    Се замисли. Чиј би можел да биде? Зошто е тука? Какви биле неговите верници? Каква душа читала псалми и молитви од него? Неговата целина оддаваше слика на постоење. Но, зошто затворен? Дали е клучот негов или од некој ковчег за кого има посебна молитва, или магија? Мисли, прашања, желби, кои од нив ќе успеат да го разбудат воинот.
    Ја поткрена растреперената наказа од рака и со врвовите на прстите го допре молтивеникот. Се прашуваше дали? Зошто? Што е? Што следи? Самиот се фати во размислувања како пред постоењето, а и помисли на оклопот и рувата. Ќе може ли? Ќе сака ли? Се исплаши. Не. Да.
    Но, тоа малку што самиот си го нарекуваше душа, почна да моли. Војничката страст иташе некаде. Не за борба, на за победи и порази, иташе кон изворот. Воинот веќе се заколна дека нема војни и сакати сеништа,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+