Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 63 | година XI | ноември-декември, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 63ноември-декември, 2008
Есеи

Во дијалог со претходниците

(или: Македонската писателката, ќерка на многу татковци и малку мајки)


/5
стр. 1
Елизабета Баковска

Уште во 1922, во својот познат есеј „Традицијата и индивидуалниот талент“, Т. С. Елиот ќе ја каже големата вистина за природата и местото на секој поет (па и уметник во една поширока смисла): ниеден поет, ниеден уметник, нема свое целосно значење сам по себе. За поетот (писателот) да може да се вреднува, тој мора да го најде своето место во воспоставената историја и систем на негови претходници, по пат на контраст и споредба со нив. Меѓутоа, според Елиот, чинот на востановување на нов ред, вглавувањето на писателот во неговата (или нејзината) традиција е и намерен чин, а авторот може да го „поремети“ системот на својата книжевна традиција само ако е свесен за него.
    Идејата за авторот кој се навраќа кон својата традиција и ја реконструира за во неа да најде свое место понатаму ја развива и Михаил Бахтин, кој, фокусирајќи се на делото на Достоевски, вели дека секој збор е насочен кон одговор и притоа не може да го избегне суштинското влијание на одговорот што го антиципира. Така, вели Бахтин, секој збор е дијалошки во својата природа, и затоа мора да се анализира како дел од дијалог. Надоврзувајќи се на Бахтин, бугарско-француската теоретичарка Јулија Кристева во своето дело „Семиотика: истражувања за една семианализа“ (1969) ќе го воведе сега веќе помодарскиот термин интертекстуалност, објаснувајќи го теоретски, но и покажувајќи ги практично во своето читање на Бахтин. Вметнувајќи текст секаде каде што Бахтин користи збор, таа ќе каже дека „секој збор (текст) е раскрсница на зборови (текстови).“
    Иако терминот интертекстуалност е неологизам, значењето зад него е стара, добро позната појава – Шекспир (кому и Елиот му оддава должна почит во својот погоре споменат есеј) е еден од најпознатите практичари на интертекстуалноста, зашто неговите драми (кажано во една прилично слободна интерпретација) не се ништо друго освен оригинални обработки на претходно познати легенди, приказни и историски записи. Понекогаш, интертекстуалноста се смета како едноставно проширување на старата идеја за влијание; меѓутоа, таа во себе носи еден нов елемент – свесното навраќање и користење на претходната книжевна (па и друга) традиција, наспроти релативно несвесната природа на влијанието. Така, во делото на писателот, кој свесно (намерно) ја користи интертекстуалноста, таа носи двоен предизвик – за него самиот, како автор, предизвикот на креативноста (дали имам нешто ново да кажам за она што веќе е кажано пред мене, дали сум доволно креативен во она во кое биле други пред мене); кај критичарот, од друга страна, таа го буди истражувачкиот дух (дали






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+