Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 63 | година XI | ноември-декември, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 63ноември-декември, 2008
Есеи

Несоницата и поезијата на сведоштвото

/5
стр. 1
Алеш Дебељак

Слика, сеќавање: стојам во фоајето на прекрасната стара палата Казина во центарот на Љубљана каде што се сместени канцелариите на двонеделното студентско списание Трибуна, чиј што уредник бев во почетокот на осумдесеттите години. Самото списание, во тоа време еден од неколкуте независни интелектуални форуми во Словенија, настана како комбинација на младешката наивност и својот автентичен дисидентски став којшто ги побеснуваше комунистичките власти. Така, Трибуна беше ставена под строг надзор на државните цензори; на уредниците им беа доделени „сенки“, тајни агенти коишто требаше постојано да нè застрашуваат со своето присуство.
    Крај мене во фоајето стоеше поет со очила и црна брада, и кимаше со главата во знак на разбирање и одобрување како на мојата уредувачка политика во Трибуна, така и на моите лични креативни амбиции. Дури и денес живо се сеќавам на нежниот и смирен тон на неговиот глас и на уверливите а сепак ненаметливи зборови. Тој зборуваше како човек со искуство и верба, како човек кој ги следел „моралните императиви во себе како и ѕвезденото небо над него“.
    Со благодарност го слушав овој поет, бидејќи го знаев не само преку неговите книги и преводи туку и од многуте неформални критички групи коишто го создадоа цивилното општество и преку кои словенечката „политичка пролет“ започна спонтано да расте во раните осумдесетти. Неговото име е Борис А. Новак. Ниту неговите политички гледишта ниту неговите философски придонеси не беа безначајни во создавањето на прогресивното движење. По неговата збирка песни „Стихоживот“ (Stihožitja, 1977), со непреводливиот наслов којшто метафорично ја спојуваше оддалеченоста помеѓу мртвата природа и магијата на стихот, следуваше поплава од поетски збирки, од кои осум за возрасни. Сите негови книги наидоа на воодушевување како кај критиката така и кај публиката. Заедно со овие поетски збирки, тој напиша и завидно голем број на книги за деца, куклени претстави, радио драми и театарски дела. Беше ангажиран како драматург при поставувањето на бројни драми во најзначајните театарски куќи во земјата, а неколку години беше вработен како драматург во Словенечкиот Народен Театар.
    Во својата поезија, Борис А. Новак, користејќи го класичниот еквилибриум, формалната дисциплина и естетски привлечни лингвистички методи, имагинативно ги истражува длабочините на својата централна опсесија: потрагата по мистериозната поврзаност помеѓу „звуците“ и „значењата“ на зборовите. Со други зборови, тој единствено го бара вистинскиот извор на поезијата. Неговиот поетски јазик успешно ги прилагодува секојдневните зборови, користејќи ги во нови комбинации и извлекувајќи од нив несогледани можности. Така, поетот ни овозможува да видиме како ширењето на границите на кажаното може да


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+