Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 63 | година XI | ноември-декември, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 63ноември-декември, 2008
Критика

„Канџи“ се во мода

(„Канџи“, Марко Видојковиќ)


/2
стр. 1
Виолета Вучетиќ

Романот „Канџи“ од Марко Видојковиќ дигна голема медиумска прашина, а и литературната критика мораше да даде свој суд, иако во почетокот се спротивставуваше на тезата дека романот на Видојковиќ би требало да биде уврстен во уметничката книжевност. „Канџи“ стана култна книга на генерацијата од 90-те (оние кои во тие години биле млади, а и тие кои се родени баш во 90-те), со сите обележја на тоа време: депресијата, безнадежноста, алкохолизмот, промискуитетот, бесмисленоста… Романот имаше помпезна ТВ реклама, беше најавуван како „хронологија на студентските протести“ како дневник од демонстрациите, и со самото тоа избра цврсто омеѓена и бројна читателска популација.
    Видојковиќ не може да се нарече писател ерудит, ама секако е мултимедијален уметник, израснат на цврстите звуци на панкот, и поранешен пејач во еден панк бенд, сконцентриран на урбаната средина од која потекнува и на која припаѓа, без желба да излезе од своето поле на интерес. Како таков, тој пишува за работите кои ги познава и раскажува за она што го има доживеано, па неговата приказна е убедлива, динамична и брза. Јазикот на романот е говорен, белградски сленг, ги именува брутално субјектите и ситуациите, сирово и сурово, избегнувајќи да се дигне над приказната, тој останува секогаш нејзин составен дел, неспособен да ја согледа од кој било друг агол, освен од авторското и раскажувачкото ЈАС, кои се, во повеќето случаи, идентични.
    Романот има прилично едноставна композиција: станува збор за „модерна бајка“, главниот јунак е принц, а главната хероина е принцеза, со тоа што современата бајка добива и нова стилизација на јунаците: главната хероина нема трепки, принцот е неразбран, мрачен тип, со адолесцентско однесување и зависник од марихуана. Бајката има Хичкокова атмосфера, принцезата се појавува и ја снемува, а во принцовиот живот се мешаат стварноста и кошмарите чии граници не се распознаваат. Значаен субјект е и мајката на јунакот, жена која мажот ја напуштил, која живее бедно и пасивно го поддржува режимот на Слободан Милошевиќ, главниот зол јунак во оваа српска бајка.
    Зошто овде инсистираме баш на одредницата бајка?
    Токму затоа бидејќи, освен структурата на романот, и распределувањето на ликовите е исто на она кое постои во бајките: постојат добри – тоа се сите оние луѓе од андерграундот кои се против режимот, кои се смрзнуваат на демонстрациите, кои водат љубов и дуваат на изнајмените мансарди, и постојат зли кои го поддржуваат режимот, гледаат ТВ дневник, пијат лекови за смирување, чекаат во редови за леб и млеко и не се бунат. Заедничко и на едните и на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+