Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 63 | година XI | ноември-декември, 2008



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 63ноември-декември, 2008
Критика

Плетејќи се во сплетените нишки

Читајќи го „Ешерове петље“ од Зоран Живковиќ, Белград: Геопоетика, 2008


/2
стр. 1
Ана Стојаноска

Со нетрпение го очекував новиот роман на еден од моите омилени автори Зоран Живковиќ. Интуицијата (?) ме упатуваше дека ќе биде нешто ново и вообичаено. Не за друго, имав прилика да прочитам мал дел, а и насловот кој го знаев од претходно ветуваше добро патување. Морис Корнелис Ешер или M.C. Escher за оние што го познаваат така, е еден од графичарите, уметници кои светот на магичното и имагинарното го спојуваат во црното и белото, а со тоа директно влијае на моето консумирање на уметноста воопшто. Неговите невозможни структури, како што ги нарекуваат, се одлична подлога за креирање. Земајќи ги неговите графики како инспирација, како шема низ која ќе ја гради структурата на својот нов роман, Зоран Живковиќ директно ја надградува и својата лична поетика. Ако претходно играњето и загатнувањето беа основата на неговата литерарна матрица, сега навлегува во уште позагадочен дел, во кој загатките се испреплетени како некоја фина текстура на скапоцен материјал. Директно наведувајќи го изворот на конструкцијата во насловот на романот, и притоа вешто, како и секој успешен мајстор, заведувајќи нè во неколку правци, Живковиќ ни дава невообичаена можност сами да придонесеме во креирањето на романот, во можноста сами да ги отплетуваме нишките или пак уште повеќе да ги заплетуваме.
    На повеќе од триста страници се плетат четирите големи нишки, секоја со сопствените ликови кои, не случајно, се ликови од претходната нишка, ликови и настани кои биле споменати и се поврзани меѓусебно. Во првата нишка поврзаноста е преку несекојдневното сеќавање, и тоа од каде почнува едното, продолжува другото, кое е дел на третото и така натаму сè додека не се врати на првото, а во втората е раскажувањето приказни, и тоа исто така поврзани, односно секоја приказна е приказна во приказна, и така до следната нишка. Третата нишка е директно поврзана со самоубиствата, поточно приказните за тоа и со старата госпоѓа во зелено, која исто како господинот во бело ќе бидат клучот за одгатнување на загатката, што ќе се навести во четвртата нишка, целосно водена од соништата. Имајќи ги предвид сите овие четири елементи – сеќавање, приказни, самоубиства, соништа, и ликовите на госпоѓата во зелено и господинот во бело ја имаме можноста само да го почнеме ткаењето, затоа што некаде на крајот од романот Зоран Живковиќ пак нè враќа на почетокот, не давајќи ни можност да се осигуриме дали правилно сме се отплеткале или не. Или можеби не е важно како и дали сме се отплеткале. Можеби повеќе






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+