Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 64 | година XII | јануари-февруари, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 64јануари-февруари, 2009
Проза

За време на празникот

/10
стр. 1
Самрат Упадјај

Ганеш лежеше во креветот со едната рака под главата, нозете му висеа, додека неговата жена пребаруваше низ гардероберот кој сари да го облече за таа вечер. Ја гледаше нејзината полничка снага во здолниште и градник, со прстите од раката што бавно се движеа од едно сари до друго и конечно одбра едно од црвен шифон. Кога се заврте и го забележа како ја гледа го праша, „Што е? Не сакаш да одам?“
    „Не, оди“, рече тој.
    Го замоли да ѝ помогне да ја запетла блузата и тој се доближи до нејзината полугола снага. Срцето му биеше во грлото.
    Слезе долу во дворот. Ја гледаше како заминува. Се качи по скалите враќајќи се во станот. Си замислуваше како такси возачот зјапа во неа во ретровизорот не можејќи да ги оддели очите од нејзиното напудрено лице, чудејќи се каков е тој маж кој останал дома, како би изгледало да легне покрај неа и да ги слуша нејзините воздишки на неговите милувања. Ја замислуваше како влегува во шаторот на младенците, поправајќи ги наборите на своето сари, со очи што шараат низ толпата, познати ликови што се насмевнуваат кога ќе ја забележат, пријател од детството кој заштитнички ја прегрнува претставувајќи ја на гостите, мажите што кришум гледаат во неа зад своите сопруги.
    Ја отвори вратата што водеше кон малиот балкон и зачекори надвор. Четири ката подолу, во дворот, четири момчиња играа џамлии. Во куќата отспротива новиот станар, млад, ќелав човек беше се надвиснал на прозорецот гледајќи во дворот. Кога погледите им се сретнаа, самоуверениот му се насмевна. На Ганеш не му се допаѓаше; беше настроен премногу пријателски, сомнително пријателски. Ганеш само кимна со лавата. Џевата на децата одекнуваше меѓу гласните крици на ноќните птици. Сонцето што заоѓаше фрлаше отсјај во боја на шафран врз куќите што го окружуваа дворот. Вечерта, иако прекрасна, му се чинеше некако туѓа.
    Неодамна му кажа на својот пријател на работа дека не ја разбира својата сопруга. Тоа го кажа така, патем, како шега. Пријателот дувна во дланките, тоа го правеше секогаш кога нештата ги сметаше сериозно. „Сметаш дека твојата сопруга води таен живот?“ праша.
    „Има нешто необично кај неа“, рече Ганеш кимајќи со главата. Во последно време ја демнеше; ја набљудуваше додека спиеше, се обидуваше да проникне во нејзините мисли додека готвеше модри патлиџани или грашок во кујната. Сакаше да знае за што размислува додека не е со него, што ѝ се вртка во умот. Се сомневаше дека во мислите тој не е со неа,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+