Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 64 | година XII | јануари-февруари, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 64јануари-февруари, 2009
Есеи

Каде стоиш додека го создаваш своето дело?

/7
стр. 1
Јасна Котеска

Ние со децении на часовите по книжевност во транс им повторуваме на нашите студенти една востановена мантра, дека имаме најдобра литература во светот. Па сепак, кога ќе го отворат светскиот канон, нашите студенти гледаат дека нашата литература никаде ја нема; значи, ние ги лажеме. При што светскиот канон не ни е виновен заради тоа што нас нè нема во него. Тие едвај чекаат литература што ќе биде универзално прифатена, за да може да ја продаваат и да ја проучуваат. Кога на часовите по книжевност ќе добијам прашање: „Зашто да го читам Коле Неделковски, а не Виктор Иго“, признавам дека немам естетски, имам само национален одговор. Но, на моите студенти таков не им треба. Тие веќе доаѓаат како носители на оваа култура, не им треба некој дополнително да им го набива националното на нос. Тие само искрено прашуваат дали постои Македонец што ќе ги натера да не спијат до пет изутрина, како што не спијат заради Достоевски. Што би им одговориле вие?
    Кога читам дека причината што нè нема во светскиот канон е дека не сме адекватно преведени, тоа просто не е точно. Сите позначајни поети од првите пет поетски генерации во Македонија се преведени барем на српски и на словенечки, а со одделни опуси и на англиски, германски, француски, руски. Тоа е доволно за некаков почеток, па сепак ние не комуницираме со светот. Ова важи донекаде и прозата, со таа ограда дека прозата е „покабаста“, па технички е покомплицирана за превод. Но, многу од најзначајните македонски писатели се преведени во странство, некогаш и со повеќе изданија, а и со подновени преводи. Па, сепак тие не комуницираат со светот.
    И кога велиме дека светот не нè прифаќа затоа што сме мала култура, тоа е, исто така, неточно. Барем половина од најдобрите светски опуси се родени во агоничната битка со големите јазици и сцени. Кафка е еден пример – прашки Евреин кој зборувал германски, кажете ми на која сцена по автоматизам ѝ припаѓал, на австроунгарската, на еврејската, или на германската? Со која култура можел да се идентификува за светскиот канон да го прифати? Работата е дека Кафка пишувал како раштрафувач на идеологиите, на системите, на вредностите, на големите јазици и култури, работел како куче што копа дупка, како стаорец што прави дувло. Кај нас сите сè уште пишуваат како шрафчиња од колективната машинерија, во занесот и екстазата од колективната глупост. Така навистина ќе успеете да ве бројат како шрафче, но само во вашата книжевност:






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+