Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 64 | година XII | јануари-февруари, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 64јануари-февруари, 2009
Критика

„Заробувајќи го Господ во Катманду“ од Самрат Упадјај

Хјутон Мифлин, 2001, 191 стр.


/2
стр. 1
Тамара Штраус

Во изминативе години, писателите од индискиот потконтинент ги сметаат за најдобри во создавањето книжевна фикција. Салман Ружди, Амитав Гош, В.С. Најпол – овие писатели се најновите наследници на богатството на Викторијанската книжевност и инвентивноста на постмодерното раскажување. И, како Индијци, го користат англискиот не само како љубен јазик. За нив, јазикот е и метафора за свет обземен од културна фрагментација која истокот го приближува кон западот, југот кон северот, и обратно.
    Еве го сега и Самрат Упадјај. Роден е и израснал во Катманду. Во САД дошол на 21 година. Неговата прва збирка раскази „Заробувајќи го Господ во Катманду“ е првото дело од непалски автор објавено на англиски јазик. А книгата е вџашувачки добра. Упадјај го владее кусиот прозен жанр со толкава човечност и очигледна леснотија што потсетува на Чехов – иако будистички Чехов кој пишува за љубовта не со црн руски фатализам туку со чувство за цикличната природа на животот и неговите страсти.
    Расказите на Упадјај обично започнуваат со неумолива замисленост. „Неволјите на Дипак Мизра започнаа откако во канцеларијата ја бакна својата непривлечна секретарка“. Ова е воведот во приказната за еден деловен човек кој е двојно занесен од пропаднатиот брак со прекрасната „збудалена по Непал туѓинка“ и неговата крајно ефикасна и крајно грда секретарка. Редовите „‘Ожени го’, рече Рудра. ‘Кога ќе има жена, ќе се вразуми’“ го поттикнуваат грубиот љубовен триаголник помеѓу куцата невеста, нејзиниот сопруг алкохоличар и неговиот подетинет татко обземен од ламтеж. „Останав зашто не можев да ја поднесам помислата да напуштам таков голем човек како мојот учител“ го одредува тонот за расказот за постар духовен водач чија љубов кон наперчената млада заводничка го води во пропаст.
    Иако се позиционирани во еден од подалечните делови на светот и исполнети со ликови кои му се молат на богот Ганеш, расказите на Упадјај ни се чинат блиски. Во „Божјиот продавач“ тој ја опишува врската помеѓу Прамод, покорен сопруг кој неодамна ја загубил работата, и дебелкавата слугинка од село, но неговата тема е ескапизмот на љубовта. Во „Овој свет“, темата на Упадјај се договорените бракови, но негова хероина е Канти, жителка на Катманду која по студиите по економија во Њу Јорк се враќа кај својата традиционално одредена мајка за да открие дека е, како и многумина од модерните, суштество на „два света … распната помеѓу нив“.
    Физичкиот копнеж, потрагата по ред, општествениот страв кој води кон престап, грубост и радоста се она со што расказите на Упадјај ги надминуваат културните детали. Како Чехов, тој






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+