Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 64 | година XII | јануари-февруари, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 64јануари-февруари, 2009
Критика

Приказни за другоста, идентитетот и домувањето

(постколонијално читање на романот Министерството на болката од Дубравка Угрешиќ)


/4
стр. 1
Ацо Гогов

Во тој миг, сите приказни беа мои.
    Дубравка Угрешиќ: Министерството на болката

Конституирајќи се најпрвин како преиспитување и критичко согледување на академскиот дискурс, т.е. на оние методолошки правци што претендираат на заокруженост, довршеност и систем, постколонијалниот пристап во литературата со текот на времето ќе се занимава со цела низа категории како што се: другоста, идентитетот, домот и домувањето, текстуализацијата на знаењето, меѓукултурните врски итн. Категоријата Другост е една од клучните категории со кои оперира постколонијалната критика.
    Во својата студија Замислувајќи го Балканот, бугарската историчарка Марија Тодорова укажува дека востановувањето на оваа категорија е во врска со процесот на типификација; процес што постои уште во стара Грција – оние што зборуваат на неразбирлив јазик, старите Грци ги означуваат како варвари, како „други“. Типификацијата се базира врз чисто практични причини – таа е условена од нашата длабока внатрешна потреба за воспоставување значење и ред во светот. Настаните и феномените во светот се означуваат со категории што вршат групирање на истите тие настани и феномени. Се работи, како што наведува Марија Тодорова, за „именувачка активност“, која во себе ги содржи сознајноста и предвидливоста, но и редукционизмот.
    Оттука, категориите Јас-Другиот се резултат на тој процес на типификација. Притоа, означителот Друг, во зависност од контекстот во кој се употребува, може да има различни означени. Тој Друг може да биде Балканот, но може да биде и Ориентот. Дека се работи поправо за еден процес на редукција и упростување, укажува Едвард Саид во своето култно дело Ориентализам: „Може ли некој да ја раздели човековата стварност, како што впрочем се чини дека навистина е поделена, на јасно одредени различни култури, истории, традиции, општество, дури и на раси, и последиците од тоа човечки да ги преживее?“[1]
    Во нешто поинаков контекст, пишувајќи за идеалот на паланката кон т.н. органска култура, Радомир Константиновиќ во студијата Филозофија на паланката, забележува: „Значи, туѓинското, е зло: 1) со самото тоа што е туѓинско (неорганско), и 2) тоа е зло бидејќи злото е секогаш туѓинско…“[2]
    Актуелната неоколонијалистичка поделба на Европа и Западен Балкан, на Ние и Тие, на цивилизирани и варвари е максимално тематизирана во романот Министерството на болката од Дубравка Угрешиќ. Раскажувачката (Тања Луциќ) во романот, со посредство на својата пријателка Инес, ќе успее да се вработи како професор по југославистика во Амстердам; нејзини ученици се емигранти, бегалци од поранешна Југославија, на возраст помеѓу 20 и 30 години. Раскажувачката ја употребува, низ целиот роман, присвојната заменска придавка „наши(те)“; со неа ја означува категоријата Другост. Еве како на почетокот од

_____________________________________

1. Edward W. Said, “Orientalism”, New York, Pantheon, 1978, p.45
2. Радомир Константиновиќ, „Филозофија на паланката“, Лист, Скопје, 2000, стр. 175






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+