Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 64 | година XII | јануари-февруари, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 64јануари-февруари, 2009
Звук Осврти

Евтин штоф и чудесни чорапчиња

Кон албумот „Ова трансплантирана машина...“ на групата „Фолтин“, прво музичко издание на Културно-информативниот центар од Скопје


/2
стр. 1
Тина Иванова

Битолската авангардна музичка група „Фолтин“ неодамна исфрли уште едно впечатливо музичко издание со мошне интересен и невообичаено долг наслов – „Ова трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“. Наспроти насловот, албумот нуди необично куса должина на траење, околу 22 минути. Содржани се само пет композиции, кои како варијации на тема пулсираат во една импресивна, комплексна, заокружувачка целина. На продуктивниот квартет (Бранислав Николов - глас и гитара, Пеце Трајковски - дигитален акордион виа микрокорг, Пеце Николовски - кларинет, каос пад, Гоце Јовановски - бас и Славе Јовев - тапани) во своето петто издание му се придружи и гостинот од Словенија Марјан Станиќ, кој звукот го збогатува со типични и помалку типични инструменти (перкусии): кахон, зил, лажици, кабаса, компакт конга, амбиентални удиралки.
    Електроакустичните звучни метаморфози и љубовната лирика (тематика) се спецификите на новиот албум на секогаш иновативните „Фолтин“. Овие музички концептуалисти, кои слободно можат да се дефинираат така заради звучните испреплетувања, односно користењето на неколку поврзани алтернативи на традиционалните звучни форми, што е карактеристика која ги обележува нивните претходни четири изданија, и во „Ова трансплантирана машина…“ нудат сплет од разновидни музички стилови. Албумот е полн со изненадувања, и иако е различен од претходните, ја поседува онаа препознатлива атмосфера типично ‘фолтиновска’, енергија, па и еуфорија со што групата се издвојува од останатите како една од најатрактивните музички појави на македонското музичко небо.

На керамиди се лепат жештини…

фото: Бисера Станкоска

Прво што ќе ви падне в очи додека го слушате новиот албум на „Фолтин“ се текстовите. Од нив, не како метафора, искористени се цитати и за насловот и поднасловите на текстов. Тие прават прекрасна, емотивна, љубовна и навидум едноставна поезија која ве тера да ја научите напамет. „Фолтин“ е еден од оние македонски музички состави (покрај „Мизар“, „Архангел“, „Анастасија“…) кој лириката не ја поставува да и’ служи на музиката, на звукот, туку обратно, или еднакво.
    Поетската дарба како една од карактеристиките на „Фолтин“ всушност, не е новина кога станува збор за битолската музичка атракција. И во своите минати четири изданија, „Фолтин“ биле препознатливи, освен поради иновативниот звук, и по текстуалните подлоги на композициите.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+