Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 64 | година XII | јануари-февруари, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 64јануари-февруари, 2009
Галерија Осврти

Победа на јазикот над погледот

/4
стр. 1
Мирослав Поповиќ

Shut your eyes and seе
    Затвори ги очите и ќе видиш

    Џејмс Џојс, Улис

Се наметнува прашањето, кое не нè обврзува на еднозначен и брз одговор, – во што е специфичноста на една црно насликана површина? Ако ги набљудуваме платната на Драган Петковиќ, од идеална визура, со поглед одблизу и со малку странично осветлување, ќе ја забележиме извонредно богатата фактура на неговите слики. Во распон од негувана до спонтана, сурова и груба техника, тука се среќаваат средени и речиси стопени потези, траги и талози на бојата како и релјефи на претходните, незадоволителни и делумно стругани слоеви. Со тоа сликите го потенцираат своето материјално тело, но исто така и со честите преработувања и доработувања до саканиот резултат и аспектот на времето. Двојното датирање на повеќето од делата, при што последниот датум ја означува прифатливоста на сликарскиот резултат по мерка на сопствените, строги критериуми, речиси е правило во работата.
    

    Пред тие црно сликани површини се чувствуваме како пред темен, помалку вознемирувачки простор, кој речиси да ја наметнува евокацијата на „негативната теологија“. Кон тоа се приклучуваат и насловите, како на пример „Глуво“ (Sordo) или пак „Немир“ (Astazija), што соодветно го означуваат тегобниот карактер на делата.
    Опскурни површини на кои „ништо не се гледа“, но затоа „има многу за гледање“, немаат референтни упоришта, речиси се иконографски „Нулта-точка“, така што нивната неутралност го поттикнува проблематизирањето на самиот чин на гледање и неговите естетски, психолошки и етички импликации. Според тоа, префрлувањето на тежиштето врз самиот чин на гледање се чини како логична консеквенција што е впрочем потврдена и од Петковиќ: „… во допир со материјата визијата се менува и се надградува. Крајниот резултат, сликите, имаат независен живот, без оглед на објаснувањата и кажувањата на нивниот автор“.[1]

„Она со што гледаме е значајно за нас и е присутно во нашите очи – единствено по тоа што се однесува до нас (или што нас нè гледа)“.[2]
    Во споменатото дело на Жорж Диди Уберман се разликуваат два типа на „гледачи“ и две недостатни однесувања. Првиот е секогаш подготвен да верува, како апостол пред Христовиот гроб, кој без оглед што гледа – го трансцендира на друг план, додека вториот е цврсто вкопан во привидот на очигледноста на тоа што се гледа, во тавтологија според која „она што се гледа – се гледа“ и крај. Тоа го зацврстува гледањето како тавтолошки чин во една „плошна вистина“ со која се констатира само „тоа што го гледам – го гледам“ и што во крајна инстанција може да се нарече

_____________________________________

1. Интервју, Нова Македонија, 26.04 1988, стр. 9
2. George Didi Huberman, Il gioco delle evidenze, Fazi Editore, Рим 2008






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+