Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Критика

Љубов и алхемија

- кон дионизиска расплодност на книжевната теорија -


/5
стр. 1
Елизабета Шелева

Самата интерпретација е облик на волјата за моќ, што егзистира како страст
    Фридрих Ниче
    Пишувањето е наука за насладите на јазикот, неговата камасутра
    Ролан Барт
    Сакам сè што знам
    Д-р Фалус, лик од драмата „ММЕ…“ на Дејан Дуковски

    Иако појдовно обележана со својот апофатички, неизреклив, рационално необјаснив карактер; со своето конституивно својство, да биде  „искуство, несоопштливо со идеи“; љубовта, како што сведочи еден од нејзините несомнени познавачи, Октавио Паз; веќе долго време претставува и теоретска тема пар екселанс, дотолку повеќе што, почнувајќи со трубадурската поезија, таа, љубовта, прераснува и во своевидна институција.
    Судејќи според најдлабоките филозофски увиди, љубовта е вброена меѓу метафизичките квалитети, гранични состојби и смртни (фатални) прашања; определувачки за човековата егзистенција токму со оглед на човековата фатална зададеност и судбоносна конечност, во светот. Во тој апокалиптичен контекст, на љубовта ѝ се препишува одредена херменевтика на престапот и трансцедентацијата; заедно со сотериолошката (спасителска), катарзична, хеуристична, светотворна и дури – утописка конотација и моќ! Овозможувајќи различни нивои на поделба, љубовта како феномен, минува и е подложна на неколку трансформации: според својот облик, таа може да биде страст, екстаза, филија (како кај Тристан и Изолда), или пак мистичен занес, нирвана, агапе (како кај религиозните искушеници); според својот предмет, таа може да биде апстрактна љубов кон љубовта беспредметна; односно универзална космичка љубов – или, пак, може да биде конкретна, кон некое или неколку суштества насочена и исклучива љубов; според начинот на своето искажување, љубовта може да биде декларативна, објавена на ниво на лексисот, стилизирана или категорија имено на стилот, перформативна (изведена и докажана, самодоволна токму на нивото на јазикот), или пак љубовта може да биде дејствителна сила, потврдена на ниво на праксисот, со определен чин, саможртва, етичко дело. Судбоносна, фатална, неизбежна, каква што е, носејќи и одредени демонски аспекти на телото и телесноста; потопена во мрачни, ирационални побуди, љубовта е можеби првенствено или пред сè (ал)хемиска појава, непредвидлива струја, што тежнее кон соединувањето, синтезисот; кон една своевидна, космичка (сèопшта) свадба, чествување, хармонија на единката со светот, симболизиран преку саканото лице…
    


Ова е извадок од:
еКнига




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+