Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Поезија

Пофалба на невиноста

Превод од англиски: Игор Исаковски


/8
стр. 1
Хенк ван Керквијк

Пофалба на невиноста
Семејни работи
Телешко
Воено време
Молња
Визија
Предметот изваден
Испратено пакување

_______________________________________________________________________

Пофалба на невиноста

Јазик јасен и проѕирен како отруена вода,
смртоносен како насмевка на балерина. Ждребето

не е невино; види како ја гризе кората и остава
дрвјата да умрат. Обичното јагне ќе те клоцне

во препоните – и со право. Јагнето е
преслатко на своја штета, беспомошно на нозе

од неиспредена волна? Умира прво кога Добриот
пастир отворено зборува со ножот на месарот.

Јазик, алатка на политичарите; јазик нејасен,
за службениците крма. Нивна е Хемиската

венчавка на моќта. Новата алхемија
стана стара религија. Сите папи Инокенти

биле познати политичари и (неслужбено да спомнеме)
креатори на бескрајни низи граѓански војни. Јагнето

е преслатко на своја штета. Беспомошно
на нозе од неиспредена волна. Тоа умира прво.


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+