Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Проза

Осмиот повереник

(извадок)


/4
стр. 1
Ренато Баретиќ

Огромната ајкула бесно пливаше во круг, на сите страни блескајќи со ококорените очи. Беше погладен и поопасен од кога било порано. Површината на морето празно се белееше десетина метри над нејзе, а потоа низ неа се проби нешто налик на црно синџирче со приврзок. Ајкулата малку се повлече наназад и во страна, чекајќи необичниот предмет да дотоне до него. Во мигот кога ја препозна бројаницата, муцката од неподвижен гладен грч ѝ се развлече во задоволна насмевка. Најпрвин се развлече, а потоа се расчепати како да ќе голта танкер, а не обичен реденик. Лицето на Спасителот наш на малецкото распетие беше лицето на Синиша, со очи ококорени од непоимлив ужас…
    Синиша се сепнува, се открива и се исправа толку нагло што Тонино во миг се здрви од страв.
    – Ха! Ха… Аха… – збревташе повереникот. – Човеку, каков сон… Тибам, каков сон, не е нормално…
    – Добро е, добро е… Сега е сè в ред. Тукушто навлеговме во Третјанскиот залив.
    Синиша мамурно се загледа низ кружното окно заматено со капки. Не успеа да забележи ништо освен дека морето е многу помирно од порано.
    – Тука сме? – праша.
    – Уште малку, десетина минути.
    – Имаш некое огледало? Имаш некое веце?
    – Огледалото е во клупата под тебе, а нужник… Како да кажам, јас тоа го правам на крмата.
    – Немаш тоалет?
    – На Аделина немам. Нема потреба. Тебе, додуша, не би ти препорачал тоа да го правиш баш сега. Подобро би било да се стрпиш уште пола саат.
    Синиша немарно ги собра ќебињата и ги стави на масичето, па го крена седиштето од клупата. Огледалото не беше внатре, во клупата, туку на долната, внатрешната страна од капакот. Разочарано го погледна насмевнатиот Тонино, клекна, ги пикна потколениците под зацврстеното масиче и почна колку-толку да си го разубавува одразот во налудничавото огледало. Тонино излезе на крмата и го смали гасот до пријатен мрмор.
    Синиша го спушти капакот со огледалото, го заобиколи масичето и од спротивната клупа извади нова лименка „Фостерс“, па и тој излезе на палубата.
    – Ја го! Новио третјонски повери! Ма најарен од свите! – подвикна Тонино, па во три скока мина од крмата до клунот.
    На неголемиот брег, пред кусата низа трошни камени приземници, стоеја дваесетина луѓе под чадори. Еден се издвои од групата, Тонино му дофрли јаже кое овој вешто го фати и го намота околу трошното камено столпче. Синиша, не знаејќи што друго да прави, малку ја крена лименката, како да наздравува. Во истиот миг одеднаш се кренаа, како пред диригент, сите






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+