Блесок бр. 65, март-април, 2009
Есеи |
Особеноста и очуденоста на драмското/театарското паметење
/15 стр. 1 |
Што му е на театарот минатото, за да мора толку интензивно да се занимава со него?
Умее ли театарот минатото соодветно да го памети, креативно да го рециклира и, воопшто, ефикасно да се справува со него? Дали, во текот на изминативе 25 века од својата бурна историја, театарот успеал да развие соодветни техники и методи со помош на кои научил минатото успешно да го ресемантизира, за да може перманентно да го трансформира во фамозната „вечна сегашност“, каква што се обврзал постојано да ја покажува на своите сцени? Му пречи ли на театарот минатото, во тој опасен процес на сценското претставување на неговиот „вечен презент“, кој – како што вели Аристотел – стварноста треба да ја подражава преку дејствувањето, „сега и овде“?
Умее ли театарот ефикасно да се справува со меморабилиите од било кој вид, со кои (сепак) мора перманентно да се расправа, наспроти декларативните заложби за „вечната сегашност“ на која програматски се обврзал, дури и се заколнал? Можат ли – и тоа токму во театарот! – умешно да кохабитираат паметењето (фамозната историчност од која, во принцип, живеат сите уметности) и дејствието/дејствувањето, неспорно „миговна“ категорија, која неизбежно/неминовно се случува токму тогаш кога ние, нејзините живи и присутни гледачи, треба да ја посведочиме, но и да ја консумираме без остаток? Дали спецификите на компликуваниот театарски/сценски механизам – кој не дозволува „нештата“ да се евоцираат или да се раскажуваат, туку условува истите имедиатно/директно/активно да се покажуваат! – можат, воопшто, да и се подадат на било кој вид историчност?
Се обидува ли, можеби, театарот да смисли некои трикчиња со помош на кои ќе им се измолкне и на историјата и на историцизмот? Може ли, воопшто, театарот да излезе од опасна „сенка“ на овие „баучи на минатото“, за да промовира и да развива некои сосема специфични – сосема нови, сосема свои! – форми на паметење: визуелно, емоционално, когнитивно?
Која му е, на пример, differentia specifica na фамозното емоционално паметење – една од темелните категории во прочуениот театарски система на Константин Сергеевич Станиславски – та, благодарение токму на неа, овој тип/вид меморија суштествено се разликува од сите останати типови/видови на истата?
Како, всушност, театарот треба да го третираме денес: како еден од медиумите релевантни за нашата рецентна култура (вклучително и култура на забавата) или како едно од респективните места на меморија, кое – меѓу другото – упатува и на зрелоста на одредена средина (нација, култура…), на нејзината кадарност за дијалогизирање со себеси, соочување со сопственото минато, ослободување
![]() |
Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.
Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10-11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61-62 63 64 65 66 67-68 69 70 71-73 74 75 76 77-79 80-81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101-102 103-104 105 106 107 108-109 110 111 112 113 114-115 116 117 118