Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Критика

За што, навистина, станува збор?

По читањето на изборот/антологијата на словенечката кратка проза, насловена со интригантната синтагма ЗА ШТО ЗБОРУВАМЕ


/2
стр. 1
Јелена Лужина

За што зборуваме – словенечка куса проза, 1990-2004, антологија што ја приредил Митја Чандер (1974), еминентен словенечки есеист, колумнист, драматург, сценарист… Извонредно конципирана и реализирана, книгата изворно била објавена во Љубљана во 2004 година. Македонско издание: Културна установа Блесок, Скопје, 2008 (338 стр.)

Во размерно кратко време (од одвај два-три месеци) во Македонија одненадеж се појавија дури две исклучителни (ама и исклучително релевантни) словенечки книги, згора на тоа и двете во компетентни преводи, солидна техничка/графичка „опаковка“ и професионална уредничка подготовка. Првата му е посветена на драмскиот опус на класикот Иван Цанкар (издание на Матица), втората на рецентниот словенечки краток расказ (издание на Блесок). И двете книги се резултат на македонско-словенечката културна соработка, која – оценувајќи според резултатите – треба да се оцени како мошне добра. Имено, и во двете пишува оти биле финансирани, заеднички, од министерствата за култура на посочените држави. Сјајна вест!  
    Дали, меѓутоа, оваа сјајна вест треба да се прочита/протолкува и како стратешка определба на македонските и на словенечките официози, кои решиле во областа на меѓудржавната културна соработка да воведат одреден систем (во случајот: да ја „испосистематизираат“ соработката во сферата на издаваштвото), кој би можел – евентуално – да резултира и со извесен реципроцитет, благодарение на кој наскоро би можеле да очекуваме и некои словенечки преводи на две-три македонски книги? Или се работи, сепак, за два осаменички „инциденти“ реализирани по среќен сплет на околности, за резултат на индивидуалниот ангажман на некои фанатизирани поединци и, воопшто, за некои такви романтични фактотуми, прилично невообичаени во овие конзумеристички времиња?
    Како и да е, книгата За што зборуваме, жанровски детерминирана како избор/антологија на словенечката куса проза од последниве петнаесетина години (1994-2000), треба да се пречека и оцени како вистинска придобивка. Благодарение на нејзината особеност и оригиналност, рецентниот македонски книжевен контекст – што и да значи оваа несигурна одредница – одненадеж се здобива со можноста двојно да профитира.
    Нашиот прв и сосема несомнен „профит“/бенефит: здобивање со прецизен, згора на тоа и солидно искоментиран увид во интенциите и особеностите на актуелниот словенечкиот расказ. Имено, книгата е проследена со екстензивниот поговор на нејзиниот приредувач Митја Чандер, чиј што текст, освен високото ниво на информативноста, вклучува и компетентни критички просудби).
    Нашиот втор, ама и сосема хипотетички „профит“/бенефит: соочување со статусот на сопствената кратка проза, и тоа токму онаа млада и најмлада, која – белким – поседува некои „генерациски“ специфики (и квалитети) што би било редно да се евидентираат и сериозно да се искоментираат. За и да им се понудат,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+