Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Критика

Здивот на болката кој создава и стварност и уметност

(за романот на Гоце Смилевски: Сестрата на Сигмунд Фројд. – Скопје: Култура, 2007, 182 стр.)


/7
стр. 1
Весна Мојсова-Чепишевска

Во процесот на рецепцијата, сите ние учиме едни од други. Имено, ние постојано позајмуваме вечни теми и мотиви, ама притоа не се откажуваме од својата желба да ја раскажеме и сопствената приказна. Таа сопствена приказна Гоце Смилевски ја гради како сосема веродостојна приказна раскажана од сестрата на Сигмунд Фројд, која никогаш не беше излегла од Виена (5). Преку неа, авторот мудро го објаснува нештото што и не се прифаќа така лесно: дека сите наши дилеми и талкања по сопственото минато[1], по минатото на нашите предци, не се само приказна за нашето потекло, за нашите корени, туку и приказна за конкретните заблуди на едно (тоа) време. Адолфина Фројд нè враќа во времето кога сме биле способни само да слушаме, но не и да раскажуваме приказни, во времето кога и не ни било дозволено да ги раскажуваме. Сепак, таа е една од ретките на кои авторот Смилевски им дозволува да го земат перото поточно четката в рака: Четката тргна кон палетата и ја избра црната боја, потоа го допре платното, сакајќи да втисне точка, но точката ја продолжи во линија, а линијата ја прошири во површина. На крајот црната боја целосно го покри малечкото платно, како замена за молчењето, како доказ за незнаењето со што да го започнам сликањето и раскажувањето на мојот живот, како прашање зошто се решавам одново да сликам, и зошто да раскажувам, и зошто за објект на тоа сликање и раскажување го имам избрано сопственото минато (9). Нејзината приказна е збир од повеќе приказни: онаа за Сара Ауербах, девојчето заробено во еден простор, неподвижно, врзано за кревет кое посакува да може да игра балет, кое посакува да знае да слика; за Густав, кој во сите битки излегува како победник, освен во битката со мајка си; за неговата сестра Клара; за Вертер како лик од литературата кој Долфи посакува да го наслика; за Вертер со кога таа развива едно вистинско, искрено пријателство зашто, едноставно, со него може да зборува за она што отсекогаш сакала да зборува; и најмногу за Рајнер, за нејзината љубов кон Рајнер.
     Не паметам дали некој текст предизвикал толку многу задоволство кај мене како најновиот роман на Гоце Смилевски. Не паметам ни текст кој толку силно ја разбудил во мене болката, текст кој така силно ме налегнал со својата тегобност. Впрочем, романот Сестрата на Сигмунд Фројд како главен мотив ја има токму тегобноста и во тој поглед Смилевски прави еден Сартровски потег – на својот мотив

_____________________________________

1. Она што Жил Делез во своето дело Пруст и знаците го истакнува за романот Во потрага по загубеното време станува и еден вид идеја водителка за самиот Смилевски. Тој во својот роман Сестрата на Сигмунд Фројд докажува дека потрагата по загубеното време, онаа на девојчето, девојката, жената, старицата Долфи е потрага по вистината. При тоа треба да се истакне дека таа потрага не произведува просто изложување на спомени, туку развива една приказна за учењето. Учењето суштински се засновува на знаците, го истакнува Смилевски она што е провокативно за него кај Делез, а под учење се подразбира да се набљудува некоја материја, некој предмет, некое суштество, како тие да испраќаат знаци што треба да бидат одгатнати, протолкувани (…) материјалните знаци имаат своја вредност само доколку се влеат во оние нематеријалните – знаците на уметноста. Во тој контекст може да се направи и сериозна анализа за тоа какви сè знаци ни испраќа Адолфина Фројд. Види Гоце Смилевски, „Телата меѓу текстуализирањето и молкот“ во Спектар. – Скопје: Институт за македонска литература, 2007, бр. 49, 127-139, текст кој е всушност извадок од неговата поголема студија под наслов Телото во романите на Милан Кундера.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+