Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Критика

Љубовта во македонскиот фантастичен расказ

(некои аспекти: премин-hibris, вампиризам, портрет-огледало, љубовен тријаголник и кастрација)


/21
стр. 1
Јасна Котеска

1. Вовед, фантастика

Љубовта и смртта се две централни теми на поезијата воопшто. „Нивниот однос не е секогаш ист, но може да се рече дека е секогаш присутен“ – вели Цветан Тодоров (1987; 139) Тој го наведува примерот со бајката „Црвенкапа“ на Перо која јасно ја покажува врската меѓу „легнување во кревет со суштество од друг пол“ и „да се биде изеден, да се погине“ (Тодоров, 1987; 139) Познато е дека оргазмот при сексуалниот чин се поистоветува со т.н. мала смрт, што значи дека иако различни, феномените на љубовта и смртта на извесен начин се допираат.
    Фантастиката е врзана за архетипски модели и затоа се смета дека фантастичните раскази имаат предвидлив број комбинации. Роже Кајоа, Луј Вакс и други прават т.н. списоци на фантастични теми. (Урошевиќ 1987; 15) Во тие списоци преплетувањето на темата љубов и смрт е меѓу најстарите и најпознатите теми.
    Фантастичната литература одговара на потсвесните желби на човекот, а Фројдовата психоанализа покажа дека потсвеста е составена од полови желби, потиснати и насочени кон погрешни или забранети објекти. Центрирањето на половата желба и манифестацијата на фантастичната творечка енергија се блиски операции. Кога Кроа тврди дека „фантастиката е издишен вентил и катарза за црните желби“ (Урошевиќ 1987; 28) тогаш станува јасно дека љубовта и фантастиката, освен недефинираноста, граничноста и меандричноста, поседуваат и некои заеднички својства.
    Цветан Тодоров ја анализира фантастичната книжевност преку аспектот колебање, кој таа го предизвикува. Во приказната „Вљубениот дух“ на Живко Чинго учителот здогледува на прозорецот од својата соба дух, но неговото постоење не можеме да го опишеме со физичките закони на светот во кој живееме. Раскажувањето бара од нас да се определиме: или ќе веруваме дека учителот го видел духот, или ќе поверуваме дека тој имал привидување. Во моментот додека трае колебањето, се востановува фантастиката. Ние ги гледаме, заедно со ликот, противречностите на двата света: стварниот и фантастичниот и во формулата „речиси веруваме“ се востановуваат границите на жанрот.
    Фанастичното е жанр кој најчесто се сместува меѓу двата други жанра: чудното и чудесното. Објаснетото натприродно – тоа е чудното, прифатеното натприродно – тоа е чудесното. Кај фантастичната книжевност, ние се ослободуваме и од целосната верба и од целосната неверба, бидејќи обете нè одведуваат надвор од границите на жанрот. (Цветан Тодоров, 1987; 35) Па така, се додека раскажувачот од расказот „Реквием за Рубина Фаин“ на Славко Јаневски (а со него и читателот) се колеба дали Рубина е жената или призирак (сениште) станува збор за фантастичен расказ. Во моментот кога ликот ќе престане






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+