Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Галерија Осврти

Пиксказни

(Музеј на град Скопје, март 2009)


/3
стр. 1
Викторија Васева Димеска

„Стварноста може да се прикаже единствено со конструкција на стварноста“
    
(Гурски)

Системот што Ладислав Цветковски го воспоставува, подразбира внатрешно уредување на добро осмислени секвенци што ја прават композицијата, кои ја градат таа неимарска, плетерна структура на лингвистичката репродукција на визуелниот говор. Тој ентитет постојано ги сепарира, ги издвојува деловите кои реципрочно се условуваат – заемната зависност на сите сегменти, на сите вињети, линии, точки… од кои ја создава композицијата – прават една верижна целина која не би можела да се дефинира без примарната карактеристика на авторот – силното чувство за линеарните преплети и соодноси, како и за педантно осмислената композициска основа, осет за добро распределување на композициските елементи.
    Конечно, нагласено – не зборуваме за декоративното, за дизајнот – ни зборува една суптилна, мудра, отворена провокативна игра – провокација која што ни ја отвора дилемата за моќта и за отвореноста на нашето разбирање.
    

    Иконографијата се обвиткува околу примарниот сон на хаотичниот свет кој во своите закрила ги сокрива и содржи „остатоците“ на визуелната граѓа од депото на чувствата. И одеднаш, низ тие едноставни прикази на „допир“, на „глобализација“ Ладислав си создава една урбана игра со воздржан или затскриен егзалтиран став. Создава слики кои се контрапункт на овој банален свет со кој нема ништо заедничко освен што живее во него.
    Орнаменталната мрежа е основа во која се сменуваат дискретно поместени нијанси на интензивен колорит смирен токму со мултиплицирање на знаците кои ги создаваат нијансите и ги обликуваат допирите на рацете. (На прашање зошто сепак ги употребува интензивните бои, Дејвид Смит, во едно интервју одговори: затоа што се потешки!)
    

    Знакот во графиките на Ладислав се јавува во два вида: или ја исполнува основата, подлогата или се јавува како симбол – знак аплициран поагресивно како вињета преку основниот знаковен преплет. Знакот станува облик и во тој новосоздаден интимен свет на авторот прави еден нов систем на фигури (конкретни: раце; апстрактни: асоцијативни знаци) а потоа тие заживуваат до степен кога во севкупната композиција веќе го губат допирот со изворот како примарна визија. Овие орнаментални шифри од една страна образуваат загадочен преплет кој грижливо го сокрива односот меѓу самите сегменти, додека од друга страна се прилагодуваат на оние мигови кога крупниот план – конкретниот облик изронува од самото ткиво на мрежата од мултиплицираните знаци. Така станува едно интересно, визуелно ефектно и идејно загадочно двојство: знак во знак. Техниката во овој контекст само го транскрибира, сугестивно го имитира природниот поредок со знаците кои се временски и кои ни сведочат за автентичноста






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+