Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Звук Осврти

„Порта Маседониа“ – жесток и меланхоличен албум

Кон албумот „Порта Маседониа“ на Горан Трајковски и Александар Хофман-Велјанов, „Премиум рекордс“, 2008


/2
стр. 1
Тина Иванова

Горан Трајковски, ексвокалист на влијателните македонски групи „Анастасија“ и „Мизар“ (во почетокот на кариерата и на „Падот на Византија“), автор на музика за голем број театарски претстави и во последно време запаметен и како автор на музичко-политичкиот проект, дарк-кабарето „Циркус Еуропија“, и Александар Хофман-Велјанов, Германец со македонско потекло (по мајка), долгогодишен вокалист на култната дарк-вејв група од Берлин „Deine Lakaien“ (1985), ги здружија своите креативни сили и го создадоа извонредниот албум „Porta Macedonia“, кој излезе кон крајот на минатата година за европскиот пазар, под капата на „Премиум рекордс“. Албумот го имаше своето прво концертно патешествие минатиот месец низ Германија – во Дармштат, Минхен, Лајпциг, Келн, Хамбург, Берлин, Штутгарт…
    Храброст е во време кога уметноста, особено сферата на современата (модерната) музика, се доживува или восприема како џанкфуд, да се создаде дело што ќе поседува вистинска уметничка вредност. Станува збор за оние вредносни репери што доаѓаат од личната перцепција на авторот, зашто за вистинските уметнички вредности, како што се покажало низ примерите наназад во историјата, сепак, времето е праведниот или неправедниот коректор. „Порта Маседониа“ ја поседува, а тоа и се чувствува, онаа искрена, длабока страст спрема музиката како уметност, но и како идеологија, не само затоа што ги влече сенките од минатото на досегашните засебни остварувања на двајцата автори, туку затоа што нема претензии да привлече разновидно профилирана публика, не цели кон задоволување различни вкусови. „Порта Маседониа“ има јасно дефинирана целна група слушатели, колку и претенциозно ова да звучи. И во Скопје, односно во Македонија, но најверојатно многу повеќе во Берлин, односно во Германија. Зашто овој албум не е прогресивен во смисла на потрага по нов звук или по технички иновации, иако во тој сегмент е мошне богат, а од друга страна, пак, не е ниту демоде, туку е своевидно продолжение на приказната која, како што веќе кажавме, ја почнаа и Велјанов преку „Дајне лакајн“, како и преку своите самостојни изданија, и Трајковски со „Мизар“ и „Циркус Еуропија“.
    „Порта Маседониа“ е романтичен албум. Меланхоличен. Кога би требало да му се даде некоја музичка определба, најмногу му припаѓа на т.н. дарк-правец со неговите супконтексти на – музичкиот нов бран, електроготик, дарк-кабарето, амбиент-музиката, па дури и панкот и индустријал-музиката. Оние што имале можност да ја слушаат инспиративната „Дајне лакајн“, во која Велјанов е вокалист околу две децении, една од најпознатите дарк-вејв групи во Европа со бројни импресивни изданија зад себе, ќе го слушнат звучното ‘тетеравење’ низ патосот, меланхолијата, но и жестокоста и анархичноста и овде,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+