Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Галерија Осврти

Хоризонт-а

(Мала галерија, 23.04.-25.05.2009)


/1
стр. 1
Маја Чанкуловска-Михајловска

Проектот Хоризонт-а на Гоце Наневски го одразува преовладувачкиот тематски интерес на уметникот за испитувања во појавноста на времето, просторот, движењето, енергијата …

Сосредоточувајќи се на природата околу себе, Наневски ги допира прашањата за двојната природа на нештата (неподвижност-движење, постојаност-промени) … преку суптилните претстави на бескрајни хоризонтални – во случајов – водени пространства.

Хоризонт-а е приказна за непостоечката, замислена линија која ги одвојува земјата и небото … а истовремено е и поетично навестување на хоризонтот преку серија на ритмично умножени сугестии на бесконечноста …

Фотографијата во поставката на уметникот не ја доживуваме како носечки ликовен израз, туку како средство за истражување на состојби и цели кои во одредена мерка можат да се определат како континуитет. Замислата на овие меланхолични пејзажи претставува лирско претчувство на хоризонтот … на хорозонтот кој, во придружното, кусо авторско видео, понира и исчезнува во длабочините.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+