Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 65 | година XII | март-април, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 65март-април, 2009
Галерија Осврти

Скици за скици

/3
стр. 1
Сашо Поповски / Иван Џепароски

(С.П.) Како да се наслика автопортрет? Ако си го загубил ликот?
    Како да се наслика празнината? Апстрактно? Ако е толку реална?
    Како да се наслика акт? Ако голотијата е коска?
    Дали осамата е пејзаж, а четката сламка во вирови од болка?

(И.Џ.) Како да се напише автобиографија? А ако ти веќе не си истиот? Дали и првата автобиографија кога и да е напишана, онаа на Св. Августин во 4 век под наслов „Исповеди“ („Confessiones“), е психолошка автоанализа на еден претходен живот на неверникот кој станал верник. И дали за „автопортретот“, за „празнината“, за „актот“ и за „пејзажот“ може да се каже истото она што Св. Августин го вели за „времето“ во своите „Исповеди“: „Јас добро знам што е времето, ако никој не ме праша; но ако некој ме праша, и ако се обидам да објаснам, збунет сум.“

(С.П.) Сенките се белеат во мракот.

(И.Џ.) Заратустра на Ниче излегува напладне, тогаш кога нема сенки и кога сè јасно! Но кога би излегувал навечер, би се белеела ли и неговата сенка во мракот?

(С.П.) Најдобро е емоцијата да ја замрзнеш во самото создавање на платното а не да ја раскажуваш на него. Опасност од илустративност.

(И.Џ.) Лажните понадворешнувања на емоциите во дело, во уметничко дело, се и  раздавања на емоциите како на задушница. А таму храната секогаш е студена и таа не раскажува ништо за живите, ами постои за да им се најде само на умрените. Замрзната храна од длабок замрзнувач, студена уметност од студен илустратор. Kalte Kunst отсекогаш постоела.

(С.П.) На крајот си дел од пејзажот.

(И.Џ.) „Ќе дојде смртта и ќе ги има твоите очи“, пишуваше Чезаре Павезе.

(С.П.) Спремам изложба, моментално ми ги преведуваат боите од сликите на неколку јазици, за во каталог. По малку исплашен од критичари кои не разликуваат терекота од небањат.

(И.Џ.) „Уметникот е султан кој влегува во бања со најубавата жена од својот харем“, вели Теофил Готје, и уште дополнува, „а критичарот е евнух кој стои крај нив и гледа што прави господарот со убавата жена“. Но, ова не е сè. Ласцивноста на споредбата ја засилува Оскар Вајлд, кој во желбата делумно да ги одбрани оние што не разликуваат „теракота од небањат“ вели дека критичарот во целина не треба да се поистоветува со евнух, зашто тој е „човек кој учествува во капењето“. Автори и критичари. Преводи на одамна објавени преводи.

(С.П.) Свеќите се романтични ако си повисок од нив.

(И.Џ.) Да бидеш романтично повисок од смртта, да го оствариш неостварливото, да го претставиш непретставливото, тоа е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+