Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Поезија

Насилно прекината песна

Превод од хрватски: И. Исаковски


/8
стр. 1
Марко Погачар

На градинарот
На кројачките (во погоните и дома)
Every Woman Adores a Fascist (на сонливите домаќинки)
На соседите (моето месо е утринава спуштено знаме)
На загубените половини (насилно прекината песна)
Бог е цицлеста телефонистка која со мазен глас ти кажува дека си барал број кој не се користи
Минестроне
Елвис

_______________________________________________________________________

На градинарот

Шипинка пупи во леите, никој не изнесува мислење,
смокви, суви и свежи,

и едните и другите шупливи од клунови, над главата отсуство на земја,
што е небо. страшилото повеќе не прави што би требало.

кривите го продолжуваат времето, но не го прават исполнето, прецизни,
како телефонските жици кои нè присилуваат на блискост, нè поврзуваат

со други суштества. страшилото функционира на сосем спротивен
начин од телефонот. утринава песот ја испи сржта од неговите нозе

и тоа падна, карбонизиран крст пред црнечка куќа, облека
која не можеш да ја соблечеш. таков е механизмот на природата:

сè што сме посеале никнува, без оглед на ситните пречки, долгите
попладниња, и внатрешната рамнотежа, сите секогаш велат: природно

и ништо не значи сево ова триење вложено во преобразбата на љубовта и бесконечно
малите пакети живот: шипинката исушена, времето продолжено и чисто,

земјената отворена понуда дека ме љуби гние во моите гради, насекаде
наоколу слободни самогласки, дланки, плевел и многу повеќе.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+