Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Проза

Бушбушкалај

/2
стр. 1
Сенко Каруза

_______________________________________________________________________

Мал куќен дух

Бушбушкалај се појави на мијалникот, почнуваат неволјите. Пак се готви да ми го расипе денот. Почнува вака рано, на појадокот. Толку ќе биде безобѕирен што нема да чека ни децата да тргнат на школо. И тие нека видат каков татко имаат. Одлучувам да ги сопрам сите срања кои можат да уследат, се кревам нагло од масата, скокнувам кон мијалникот и го треснувам среде лице. Садовите се разлетуваат на сите страни, тој е замелушен меѓу кршот. Чекам да видам дали сега ќе ме остави на мир.
    – Ти си тотално луд! Што не одиш да се лечиш? – вика мојата жена хистерично.
    Се воздржувам да не одговорам. Ако остане на ова, ако Бушбушкалај се повлече, сè ќе биде океј. Ќе биде тоа само еден мал напад на утринско незадоволство. Ги затворам очите и чекам, со главата навалена над мијалникот. Ги гледам децата како немо зјапаат во мене. Треба тоа да се издржи, да го гледаат татка си така и да мислат дека е луд. Тие сè уште немаат свој Бушбушкалај.
    – Што туку сега глумиш? – прашува жена ми и ми приоѓа, ми ја става раката на плеќи, чувствувам дека ми се внесува в лице. Ги отворам очите, ги гледам нејзините несигурни очи, лути и загрижени. Ме прегрнува со левата рака и сака да ме бакне, но со крајчето на окото го гледам Бушбушкалај како се наместува пред моите усни. Го гризнувам нагло во образот и жената крикнува. Ги собира децата од масата и ги праќа на школо. Заедно се гушкаат во ходникот и плачат.
    Чекам. Наскоро сè е тивко.
    – Зошто така ми правиш? – го прашувам. Зошто не можеш како и сите други нормални духови мирно да седиш и да гледаш што се случува низ куќата?
    Бушбушкалај го покрива лицето со рацете и се расплакува.
    – Не знам што ти е тебе – вели – само тебе во оваа куќа толку те нервирам.

Зошто се мразам себеси

Не знам точно кога и зошто нашиот живот тргна по тој тек. Ништо не се договаравме. Можеби понекогаш паѓаше збор за некои слични нешта додека ги разгледувавме случките кои го сочинуваа нашиот живот. Можеби тоа некако се подвлекло, потсвесно, така да кажам.
    Едно утро малку повнимателно зјапнав во ливчињата кои мојата жена им ги оставаше на децата на масата. Зборови со јарки бои на јарка хартија, не може да не се видат.
    Беа тоа пораки од типот ИСПИЈ ГО МЛЕКОТО или ПРОВЕРИ ГО ШПОРЕТОТ или






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+