Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Галерија Осврти

Deep Impact vs. Armageddon

двете страни на една иста приказна


/4
стр. 1
Петар Волнаровски

    За оние (најверојатно малкумина) кои не знаат, DEEP IMPACT и ARMAGEDDON се филмови со приказна за една планетарна катастрофа, предизвикана од некакво небеско тело – од една страна комета, од друга страна астероид. Приказната за двата филма, во кратки црти, е следнава:    Се дознава за комета/астероид со патека сред која се испречува Земјата, и речиси и да нема решение како да се спречи „неизбежната“ катастрофа за нашата планета. Ниту нуклеарните ракети со голем дострел, ниту сателитските ласери, итн., не можат да го спречат судирот… Но, останува, „се разбира“ – една речиси неостварлива, но – последна опција: да се испрати брод со тим на самото место, на самата површина на кометата/астероидот, и да се постават експлозивни нуклеарни направи директно во длабината на небеското тело… И потоа, разни перипетии, првични неуспеси, за на крај, сè релативно успешно да заврши…
    

Армагедон

    Двата филма ја разработуваат оваа речиси иста приказна. Но, филмовите ни одблиску не се слични – ниту од аспект на естетските квалитети, ниту од аспект на квалитетот на техничката изработка. На одговорот на прашањето – зошто е тоа така, му претходат некои мали дообјаснувања околу историите на снимањето на овие два филма:

– како прво: Спилберг со својата продуцентска куќа Dreamworks, го започна снимањето на DEEP IMPACT пред да започне да се снима ARMAGEDDON.
    – како второ: ARMAGEDDON беше завршен пред DEEP IMPACT.
    – како трето: Dreamworks и Спилберг ги тужат авторите на ARMAGEDDON околу авторските права на приказната. Значи, првичната идеја, најверојатно му припаѓа на Dreamworks и Спилберг. Но, тоа е на американските судови да кажат.
    – и како четврто: ќе ги дадеме личните карти на двата филма…
    DEEP IMPACT: продукција: Dreamworks, режија: Мими Ледер, улоги: Роберт Дивал, Теа Леони, Илаја Вуд, Морган Фримен, Ванеса Редгрејв, Максимилијан Шел.
    ARMAGEDDON: продукција: Touchstone Pictures, режија: Мајкл Беј, улоги: Брус Вилис, Били Боб Торнтон, Лив Тајлер, Бен Афлек, Вил Патон, Кејт Дејвид, Стив Бускеми, итн.
    Е сега, да продолжиме кај што застанавме… Накратко ќе ги разгледаме, паралелно и постапно, елементите на двата филма:

Техничка изработка:


     DEEP IMPACT: Супериорно направен филм. Специјалните ефекти се изработени до перфекција, и до секоја, макар и најмала ситница. За монтажата може да се рече истото. Фотографијата на филмот плени и надвор од самите специјални ефекти, како за екстериерите, така и за ентериерите. Динамиката на камерата и самото кадрирање се варијабилни, но во основа стандардни, и отстапува од стандардите само кога тоа е навистина нужно или оправдано. Секогаш со вистинската мерка.

    ARMAGEDDON: Многу послабо од својот ривал. Специјалните ефектисе






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+