Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Проза

Далечински управувач

/4
стр. 1
Слаѓан Липовец

– Те гребнав? Сори. Ќе запалиме цигара? Моеш ли ти до кај нив? Како тоа мислиш, дали сум се снашла. Како не би се снашла. Најважно е да се биде нормален со нив. И да не даеш да те изненадат.
    Пред некој ден, доаѓам ја у школо – уште неразбудена и во од го сонувам кафето шо ќе го пијам, а тие веќе се кршат. И тоа крвнички. Од кај им толку енергија, помислив пробивајќи се низ навивачите околу нив. Моеш да ме замислиш мене волкава како разделувам двајца нафурани шестнаесгодишници кои се шибаат додека другиве викаат и ги палат. Улетувам ја меѓу нив, ама не реагираат. Престанаа дури кога еден удар ме закачи и мене. Дури тогаш сконтаа која сум и што сум. Се здрвија. Смрзнаа. Ја стојам, божем, помеѓу, а тие со главите доле – и плачат. И помалиот и поголемиот. Само да ги видеше. Двајцата плачат ко дожд. Онака збувнати, распашани и бушави. На повисокиот од носот му тече крв врз новите светлосини патики. За тоа ми беше најжал, којзнае, може мајка му баш сабајлето му ги купила.
    – Сакаш кога вака со прстите ти поминувам по грбот?
    Ништо, значи, од моето утринско кафе, него ги распакувам стварите, го земам дневникот и на час. Влегувам во училницата, сите стануваат, ме поздравуваат и… штама.
    А коа првпат влегов на час, ко да не влегов. Тие си тераат муабети, се клештат и се дерат. Уште коа им реков дека цела година ќе им останам на замена, дури тогаш полудеа. Доаѓаат до мене, се претставуваат – тоа ти беа цели перформанси. Мислев ќе ми биде тешко да предавам во машки клас, смер оџачар, ама не. Иам ја метод.
    Добро, викам, гледам дека сте многу комуникативни па нема да имаме проблеми. Прво ќе повториме што сте научиле до сега. Секој ќе има можност да се искаже. За оценка. Малку мрчеа на почеток, ама да видиш како се издишаа. Јас со ноктите куцкам по масата, само тоа се слушаше. И листање на хартии. Никој не дига глава, сите ко божем задлабочени повторуваат.
    Така и сеа. Ја, ко нишо да не било: ќе ги отвориме читанките на таа и таа страна. Денеска ќе ја интерпретираме (веќе на интерпретираме се стресуваат) песната насловена Ноќва би можел да ги напишам најтажните стихови, на чилеанскиот поет, добитник на Нобеловата награда за книжевност 1971 година, со вистинско име Нефтали Рикардо Рејес Босоалто, кој пишувал под псевдоним, знаеме ли што е тоа псевдоним, Пабло






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+