Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Есеи

На зеленото поле омеѓено со линии и знаменца

/5
стр. 1
Слаѓан Липовец

Како го украдов Багиќ

Го обожувам тој мирис на земја помешан со пот и сокови тукушто разбудени и свежо покосени треви втриен во секоја пора од дланката, мирис познат на секое дете и играч кој паѓал и на секој голман без ракавици; теренот е подготвен, мрежите се затегнати, недела е, фудбалски ден.
    Иако можеби квалитативно слични, не ми се сите мириси исти ниту исто драги. Наместо на натпревар, фудбал веќе одамна престанав да играм, таквиот мирис повторно на некое време ми се вовлече во носниците и во дланките кога по којзнае кој пат вежбавме атомски од лево и атомски од десно, чисто од заебанција на новопечените десетари. Веќе педесетина денови во касарната животот ни се сведе на секојдневна дресура, при што самите бевме предмет на таа обука (колку се лизгави значењата на зборовите), и на задоволување на најосновните потреби. Во еден попатен разговор, како што тоа во добрите случаи се случува, дознав дека во тој луд комплекс од бесмисленост постои и библиотека. Тоа беше повеќекратно вредно откритие, единствено (освен стационарот, можеби) катче за бегство од глупавата рутина, единствено место со тишина која пружа неделно, речиси свечено уживање; без грлени гласови кои непрестајно мантраат на заповед, без мирис на испотени машки тела и засмрдени нозе, библиотеката беше оаза на потврдата дека мозокот сепак работи и дека човекот нешто чувствува, во краен случај, дека се чувствува како човек. Вистина дека библиотекарката ме праша дали сакам до крај да полудам кога ја зедов Камиевата Чума (а навистина, летото пржеше, во присилно порамнетото зеленило раснеа во саксии построени сини ириси, од кои би полудел и ван Гог), но и убаво ме упати на неколку книги поезија кои беа наредени на подот. Се наведнувам за подобро да видам што има, кога таму Секоја буква е курва, на Крешимир Багиќ и Борис Грегориќ.
    Ками потоа уредно го вратив, но Буква без грижа на совест ја задржав за себе; во војска не стекнав доживотни пријателства, но од таму го понесов Багиќ, еден од своите поети за секоја оддалеченост. Зашто годината беше деведесет и осма, десет години откако е печатена таа збирка и Багиќ во меѓувреме ги објави книжевно-научните Четирите димензии на сомнежот (со Ј. Матановиќ, Р. Богишиќ и М. Миќановиќ) и Живи јазици, како и поетските збирки Меѓу два силни чада, Круна и Бршлен.

Чувство дека голот е преголем

Тешко е и невозможно, не само на некој трет туку најпрвин самиот на себе, да се толкува поезијата, и книжевните текстови воопшто, но






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+