Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Галерија Осврти

Секогаш гладен поглед

– од каталогот на Музеј на град Бјеловар –


/2
стр. 1
Бранислав Облучар

Дали некогаш сте се запрашале дали некој некогаш ги гледа безбедносните снимки од супермаркетите, бутиците и другите продавници кои имаат безбедносни камери? Дали некој некогаш – во малку Ворхоловски манир – размислувал за нивната естетска намена? Визуелниот проект на Владимир Кончар ја користи токму таа позиција на безлична камера и ја поставува во средиштето на креацијата. Користејќи дигитална камера, тој ја документира динамичноста на пазарот во еден седмичен ритам (во саботите), постепено од снимките издвојувајќи „пресудни моменти“ од одредена ситуација. Резултатот е повеќе од впечатлив: секојдневниот простор и работа се одделени од (војаерското) око на камерата, а нивниот визуелен потенцијал доаѓа до израз. Формално говорејќи, овде се сретнуваме со лудичка пост-модернистичка процедура: среде сцената на која сме навикнати, се забележуваат колористични и просторни ритми со свој одделен живот и со тоа речиси достигнуваат ниво на апстрактност: боите на овошјето и зеленчукот, внимателно наредените продукти, положбата на пазарските тезги, кои се преобразуваат од утринско изобилие во попладневен гол минимализам. Но, за да не ја остави процедурата на безлично ниво, Кончар го користи видеото со двојна цел: го користи движењето на сликата за да го истакне процесирањето на своето дело, но и за да ја истакне двојната вредност на сопствената положба како автор. Сцената во која самиот автор е еден од учесниците во пазарниот процес, одејќи од тезга до тезга, со блага иронија би можел да биде насловен со парафраза на расказот на Кафка: Уметникот купува, или, уште подобро, Уметник во купување.

Освен фактот што овој чин на учество сугерира вклучување во контекстот на делото и ја брише класичната спротивставеност помеѓу (набљудувачкиот) субјект и (набљудуваниот) објект, туку и ја става под знак прашање консумерската компонента во дадената ситуација. Истото може да се „прочита“ во серијата фотографии на кои авторот пред окото на набљудувачот ги прикажува купените продукти. Реториката на овие фотографии е многу поинаква од претходните – додека тие ја ловат естетиката на „масите“ (луѓе и продукти), овие одделуваат, при што резултатот е колиристички сублимирана димензија на сликата, која е подредена на намената на продуктите – можеме да ги замислиме нивните скори преобразби во тава, а подоцна во чинија и во стомак. Иако процесот на консумирање останува невиден, тој е сугериран: ако ја употребиме циркулацијата на храната од прагматизам во естетика како метафора за циркулација на уметничкото дело, ќе ја забележиме релевантноста на Кончаревото дело како процес на преиспитување на положбата на визуелната, особено фотографската, дигитална уметност денес. Така, зад






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+