Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Галерија Осврти

Секогаш гладен поглед

/2
стр. 1
Владимир Кончар

Опис на делото

Фотографиите „Секогаш гладен поглед“ се дел од проектот кој го сочинуваат три поврзани делови.
    

    Првиот дел содржи серија големи колор фотографии (до 50х70 см.) со мотиви фотографирани во период од една година на пазарот „Савица“ во Загреб (2004-2005).
    Фотографиите претставуваат цел ден сабота, од поставувањето на тезгите рано наутро до чистењето на пазарот попладне. Мотивите се различни, и освен визуелната естетика, деталите, композицијата и обоеноста, нивниот документаристички пристап ја претставува сличноста со консумерското општество, економскиот натпревар, и личните приказни на продавачите на пазарот. Сите фотографии се снимени со дигитални камери.
    

    Вториот дел се состои од три проекции. Првата прикажува еден цел ден, од отворањето до затворањето на пазарот, во секвенца на забрзано движење за да го истакне течението, разновидноста на стоките и бројот на купувачи во текот на денот. Средишната проекција ме прикажува како учесник во саботното пазарување, камерата ме следи на пазарот. Третата проекција ја пренесува камерата во висина на очите, станува покомуникативна и жива, најмногу поради тоа што снима од рака. Сите три проекции се прикажуваат истовремено и се повторуваат на секои 20 минути.
    

    Третиот дел од проектот е перформанс во кој ситуација од животот се преместува во галериски простор – тука имаме жена која обично ги продава своите производи на пазарот – во овој нов пазарен свет.
    Насочувајќи го погледот кон предметот и работејќи врз себеси, мојата свест и самиот мој живот беа сменети. Свесноста за природата, здравјето и слободата би требало да ги обземе посетителите на изложбата, ширејќи позитивна енергија која се наоѓа во една посебна уметничка сфера, уметноста на животот. Естетската димензија на животот е дополнета – во поширока смисла – со егзистенцијалистичката и етичката свесност за тоа што правиме, каде купуваме и што јадеме.

За пазарот – историски поглед

Разгледувајќи го пазарот во неговиот историски контекст, т.е. неговото потекло, се враќаме во времето на феудалното производство и размена. Развојот на општеството водел кон означена поделба на трудот и одделување на занаетот од трговијата, земјоделието и сточарството. Најмногу поради стремежот за усовршување, се јавила потреба од луѓе кои би извршувале одредени работи, што вклучувало превоз и продажба на стоки од еден на друг крај од светот. На овие луѓе им требале посебни географски области во кои би го практикувале својот занает, а потоа ги основале своите живеалишта.
    

    Во Панонската област, овие места најчесто биле издигнати суви области на раскрсници од важни патишта, пред палати и замоци или цркви, или во области со голем проток на луѓе.
    Поради самата активност, во овие






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+