Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Галерија Осврти

Зелениот остров како простор на слободата

– од каталогот на Улупух галерија –


/3
стр. 1
Даворка Периќ Вучиќ Шнепергер

Во три простории во низа, Владимир Кончар реагирајќи на изложбениот простор изложува три структурални целини, три различни погледи на исечок од животот – пазар, пазариште, дуќан…
    

    Со префрлувањето во галерискиот простор и претходново сопствената свест како простор на уметничко делување, стварните секојдневни случки, луѓе и предмети се префрлуваат од вообичаената перспектива во просторот на уметноста. Идејата за изедначување на животот со уметничкото дело како посебна област во современата уметност произлегува од естетското доживување како и од промислувањето на сопствениот живот, а со оваа изложба низ неколку формални етапи е доведена до својот краен облик.
    

    Владимир Кончар го карактеризира свесен и критички поглед на светот во кој живееме, а таа критичност е особено истакната во делото „Хибернација на погледот“ од 2002 година, каде што користи политички сменети плочи со имиња на улици. Но, овој пат со изложбата го насочува погледот кон подрачјето на секојдневниот живот и упатува критика кон слепилото настанато во добата на консумеризмот во кое ги прифаќаме „благодатите“ на постиндустрискиот капитализам. Фокусирајќи се на пазарот, авторот со погледот осветлува засебен, интеркултурен простор на еден свет во мало. Токму тој насочен поглед кон секојдневното како поинакво и ново е трансферот кој нè префрла во подрачјето на уметноста креирана со специфичен однос кон стварноста.
    

    Авторот избира изолиран, утописки зелен остров како простор на слобода и поле за уметничко делување. Кончаревиот однос кон ситуациите и можностите кои во него се нудат не се укинува со селективност, туку авторот со сеопфатноста ја истакнува неговата многузначност.
    Пазариштето кое постојано се менува, авторот го согледува низ различни ракурси и медиуми, укажувајќи на отвореноста на објектот, а со самото тоа и на сопствената способност за критичко мислење и застапување на различни ставови. Со изградбата на отворениот идентитет на објектот (а воедно и со изградбата на самиот себеси), авторот остава простор за избор – простор за другите.
    

    Изложбената концепција ѝ отвора место на случајноста: дали во фотографиите од животот на пазарот во сабота, видеозаписите од горен ракурс, налик на снимки со безбедносна камера која нè надгледува или оние снимени од рака во кои авторот снима додека се шета низ пазарот и купува. Случајноста најмногу се наоѓа во животна ситуација преселена во галериски простор во кој жената која инаку ги продава своите производи на пазар е преселена во нов пазарен свет. Да се потсетиме на Кожариќевите тикви врз постаменти и тезги зад кои самиот стоеше изложувајќи ѝ на публиката овошје и зеленчук. Уметничкото дело повеќе не мора да биде обликувано од уметникот –






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+