Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Галерија Осврти

Втор интернационален филмски фестивал во Скопје

- како тоа гордо звучи -


/3
стр. 1
Владимир Ангелов

    Навистина мислев дека Интернационалниот Филмски Фестивал во Скопје ќе биде манифестација со краток здив, егзибиција која нема да се повтори. Но ете, благодарејќи на упорноста на организаторите, и годинава ја имавме можноста да се запознаеме со модерните и авангардни текови на светската кинематографија. А, нашиот главен град Скопје и нашата државичка Македонија станаа домаќини на уште една „традиционална“ културна манифестација, преку која, во случајов, ќе ги шириме нашите интелектуални видици и уметничко љубопитство.
    Како прво, да ги приопштам основните белези на Фестивалот:
      – периодот на одржување беше од 12ти до 21ви март;
      – беше поделен на шест програмски целини: Поглед кон Британскиот филм, Фестивалски филмови, Светски излог, Ретроспективи – Ларс Фон Триер, Енди Ворхол, Кирил Ценевски;
      – прикажани беа 42 филмови (значи, само едно откажување);
      – беше одржан во кино-салата на Домот на Армијата, освен ретроспективата на Енди Ворхол, која се прикажуваше во Музејот на современа уметност (каде што и требаше);
      – забележани беа и некои гостувања на автори;
      – награди не се доделуваа.
    Според селекцијата, може да се сфати дека акцентот при одбирот е ставен врз – кај нас малку подзаборавената – европска кинематографија, а кога станува збор за УСА-кинематографијата, селекторот Татјана Јаневска се определува за арт/инди-автори. Заради обемноста на фестивалскиот прикажан квантум, најлесно ќе можеме да ја дадеме целосната слика ако ја направиме следнава поделба: познати авторски/режисерски имиња од една страна (на пример Борман, Џордан, Триер, браќата Коен, Бертолучи, Гилијам, па и Херман), и од друга страна – национални претставници од некои европски земји (најповеќе од Британија и Франција), и на крај, еден јапонски филм. И доколку вака се постават работите, можеме да извлечеме став за презентираниот филмски квантум: веќе докажаните автори си се на нивото на својата репутација, а националните претставници се автори на мали филмови, технички дотерани и амбиентално ефикасни, но секогаш со недостаток на шармот на афирмираните автори. Ова е, сепак, генерализирање, затоа што во мојата лична селекција јас не ги опфатив сите филмови, не само заради пребукираните напорни термини и неудобни седишта (наменети за цврсти армиски задници), туку и заради самите филмови, односно нивните автори, а и теми – сето она што ни беше приопштено преку пропагандните брошури.
    Гледајќи го хрватскиот претставник „Трите мажи на М.Ж.“, и покрај цврстите убедувања од авторката Трибусон, дека филмот е комедија – не се смеев. Да бидам искрен и верен на вистината, дел од публиката се забавуваше, а тоа не можам а да не ѝ го препишам на југо-носталгијата (која, значи, сепак постои). Хрватите го наградија овој






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+