Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 66 | година XII | мај-јуни, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 66мај-јуни, 2009
Звук Осврти

Beat Busters – мрежа на нови промени

/2
стр. 1
Иван Капец

Од неодамна во Хрватска е забележлива експанзија на бендови втемелени на клупскиот звук но збогатени со разни текстури во кои се наѕираат траги од етно, експериментална електроника, диско и соул од 70-тите и џез. Тие бендови обично се лишени од класичната медиумска поддршка, а ни издавачите на носачи на звук во нив не наоѓаат сигурни извори на заработувачка како во мејнстримот или во медиумски истрошената естрада. Освен тоа, ни државната културна политика не ги препознава овие случувања како некое креативно раѓање на сцена и не гледа национален интерес во поддршката на вакви проекти. Таквото игнорирање од страна на институциите кои би требало да негуваат млади таленти и да имаат осет за новите движења предизвика самоорганизирање на музичарите во разни заедници. Новите технологии и мрежната хиперкомуникација значително го олесни создавањето на такви системи, но со тоа неизбежно создаде и кревки споеви меѓу нив. Затоа, поврзувачкиот елемент повеќе лежи во начинот на поврзување отколку во содржината на споевите. Поради тоа се поддржува различноста на жанровите, но се бара сроден начин на презентација, достапност и реализација.
    Beat Busters е заедница на музичари составена од неколку бендови и поединци од Хрватска, чија заедничка цел е да создадат еден нов вид публика која би имала осет за музиката која се создава без идеолошка или консументска аура. Нивните бројни активности вклучуваат организирање концерти, фестивали, нет изданија, меѓународна соработка и гостувања.
    Во нивниот случај, акцентот е на живата музика (без оглед дали изворот на звук е акустичен, аналоген, или дигитален) и музиката за танц, ослободена од жанровскиот детерминизам. До душа, секој еден од бендовите нужно се движи во некој жанр или поджанр, па можеме да кажеме дека станува збор за своевидна галерија жанрови од deep house, progressive etno, сè do drum 'n' bass или experimental, но на ниво на заедницата жанрот не е одредувачки. Повременото посегање по етно звуци од егзотични краишта (семплови на диџериду, табла, ворлдстик, итн.) од една страна е последица на отпорот кон императивот за истакнување на локалните идиоми, а од друга страна желба за влез во состојба на глобално препознавање.
    Не може да се зборува ни за некој заеднички звук, продукција, ниту за меѓусебно влијание на членовите на Beat Busters. Таквата состојба е резултат на постојаната изложеност и достапност на музичарите – креатори на шарена мрежа информации без идеолошки филтри низ чија динамика не останува многу простор за создавање значително поголемо заедништво, т.е. специфична сцена. Но, она што ги поврзува Beat Busters музичарите се сепак јасно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+