Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 67-68 | година XII | јули-октомври, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 67-68јули-октомври, 2009
Поезија

Споени лица

Превод од хрватски: Игор Исаковски


/7
стр. 1
Сибила Петлевски

Следниот пат сврти им го грбот
Уживање во исчезнувањето
На дофат на раката
Весело месо
Невидлив човек
Полноќно сонце
Такво е добата

_______________________________________________________________________

Следниот пат сврти им го грбот

тенок е ѕидот на кој се потрпевме.
како да е направен од картон. и мало
дете, и стогодишен дедо би успеал
да го пробие со растреперената шака ко на шега.
нè следат. ситните очи внимателно распоредени
во стрелечки вод пак нè следат. репетираат.
би лажел кога би ми рекол дека тоа не те погодува.
и јас сум погодена. во градите. го ослободувам

срцето. тебе те погодува в чело. низ тебе пука
поглед во далечина. ослободуваш една по една
мисла. полни сме дупки. нашите дупки се полни
надеж, нивна надеж, а ние сме нивни херои,
човеку. пак сме искористени. дали тебе тоа ти е
јасно? ситните очи распоредени во стрелечки вод
гледаат право низ нас. салутираат. предоцна
дознаваме дека и за пораз треба храброст.


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+