Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Звук Осврти

Никола Димушевски: Детали

/1
стр. 1
Игор Исаковски

роден во Скопје, Македонија, на 26. Април, 1958), како што сака да каже за себе, е роден пијанист – претворен во клавијатурист.
    

    Единствен е меѓу оние што свират на синтисајзер од два аспекти: Користи комбинации на синтисајзери за да создаде оркестар од еден човек, и настојува да создаде оригинална, електронски обработена музика со акустичен звук.
    Од 1976, комбинира едногласни и повеќезвучни (или повеќе-гласни) за да создаде речиси оркестарски богат звук.
    Контекст за клавијатурните достигнувања на Димушевски беше Леб и Сол, популарен фужн-етно бенд што Димушевски го коосновал во 1976.
    Тој се обидува да остане подалеку од електронските звуци и тежнее кон природните звуци. Тоа не мора да бидат „познати“ природни  звуци. Во многу снимки, тој на пример создал звук што не е узнаен – не би го познале како што било друго – но тој звук е акустичен. Звучи како некој вид на домашен инструмент.
    Тој не ја започнува музиката на хартија. Компонира импровизирајќи ја мелодијата на лента.Потоа ја остава неколку дена пред да почне повторно да ја слуша. Од кога ќе ја ислуша десетина пати, ги импровизира и ги наснимува водечките контрагласови. Тогаш седнува пред хартија и работи на оркестарцијата. Ако работите оркестрација со шестонотни акорди, при што секој глас создава своја сопствена мелодија не постои начин да го избегнете запишувањето на хартија. Неговата музика е многу специфична – емоционално обоена, од многу (ppp) музички делови – до силни, брзи и (fff)
    експресионални динамички полиња.

    Димушевски ги објаснува неговите звучни светови, неговата музика, со ново име:

PRIVATE MUSIC
    Инакви начини на слушање, инакви начини на создавање.

    Повлечен и ексцентричен како личност, но отворен романтик како композитор и музичар.
    Заслужува да се слушне и запознае…

Дискографија:

– LEB I SOL, RTB LP 55-5335  (1978)
    – LEB I SOL II, RTB LP 55-372  (1978)
    – RUCHNI RAD, YUGOTON LSY-63323 (1979)
    – PUTUJEMO, T.E.M.0001-3 (1989)
    – LIVE IN NEW YORK, T.E.M.095-1 (1991)
    – ANTHOLOGY double cd RTB LP 5319 (1993)

Соло изданија:

– DOUBLE LIFE, aura records (1993) CD
    – LIVE, aura records (1993) CD
    – MUSIC FOR… aura records (1995) CD
    – MUSIC FOR… (VIDEO-ART),  aura records (1996) VHS
    – SOUNDSITE (installation) Museum of Contemporary art, Skopje; The Macedonian participation at the 23rd International Biennial, October 5 – December 8, 1996
    – OKTOECHOS aura records (1997) CD

Контакт:
    AURA PUBLISHING CO.Ltd.
    Drezdenska 40
    1000 Skopje
    MACEDONIA
    e-mail: aurakd@mpt.com.mk

звучни записи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+