Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 67-68 | година XII | јули-октомври, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 67-68јули-октомври, 2009
Критика

Нешто како осврт кон „Љубовниците од Верона“

„Љубовниците од Верона“, Предраг Луциќ, Блесок, 2009


/2
стр. 1
Илина Јакимовска

„Ромула и Стафилус искачаа тука“, „Спиев со келнерката“, „Атиметус ме напумпа“… да имало Фејсбук пред две илјади години овие графити би биле статусите на жителите на Помпеја, пронајдени на камените ѕидови на градот под Везув. Да не се случела катастрофалната ерупција овие едночинки можеби ќе го добиеле своето продолжение – Стафилус ќе ја оженел Ромула, келнерката ќе пријавела мобинг на работно место и од отштетата ќе го отворела првиот помпејски МекДоналдс, а Атиметус ќе станел инцидентен но горд татко на женска четворка. Потоа и тие, новите генерации, ќе ги запишувале своите маки на помпејските ѕидови, уверени дека се првите кои ги имаат. И со право – животот ќе беше крајно предвидлив и здодевен ако човек се учеше на туѓите грешки. Пардон, искуства.
      
    Назад во сегашноста, и нешто повеќе од петстотини километри на север од Помпеја, во градот на Ромео и Јулија, вљубени од целиот свет – аџии во парови – на светот му ја обзнануваат нивната љубов, потпишувајќи се во ходникот кој води до познатиот балкон од Шекспировата трагедија, и допирајќи ја бронзената статуа на Јулија за среќа, од што едната града ѝ е речиси исполирана. Затекнат во таа атмосфера Предраг Луциќ од обичен турист станува необичен лиричар – најпрвин ги запишува реалните имиња на љубовниците врежани во ѕидот, за потоа да ги замени со други, и на овие парови да им измисли контекст и судбина, некогаш убава, некогаш чудна, некогаш проклета. Од некој кој ги живеел и коментирал распадите на Балканот последниве децении и се очекува звукот на топовите, мирисот на чадот и пискањето на сирените да е декор на љубовните приказни на некои од паровите. Ако во Верона, Италија, членка на Европската Унија љубовта боли, што останува за нас, варварите, кои и онака се бакнуваме со гризење. „Храбро е да се затрепери“, вели Луциќ во една од песните, и навистина сме му благодарни што сарказмот и сатирата од Ферал Трибјун, неделникот на „хрватските анархисти, протестанти и еретици“ кој долго време го уредуваше, не ги прелеал на страниците на оваа книга. Треба да се има усул, и да се запре со зафрканциите пред големите и сериозни нешта, пред кои цинизмот станува мал и беспомошен. А љубовта е едно од тие нешта. Барем на наши години..
      
    Точно се сеќавам кое име прво се најде врамено во срце до моето. Но никако не можам да се сетам кога ваквата постапка од магијска ми стана тотално ’детска’ и незрела. Кога ли






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+