Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 69 | година XII | ноември-декември, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 69ноември-декември, 2009
Проза

Четири раскази

превод: Александра Димитрова


/3
стр. 1
Берислав Благоевиќ

_______________________________________________________________________

Дилема

    Нутриционистите ве учат што и како да јадете. Не знам како точно ги нарекувале во средниот век кога на дворовите ги учеле младите принцови и принцези како да се однесуваат на маса, што, како и кога да јадат. Овие еснафи, значи, преживеале до денес, успешно натрупувајќи го своето знаење низ вековите. Кон крајот на дваесеттиот век станаа дел од музичкиот, филмскиот и модниот свет, а неретко ги советуваа и познатите личности од политичкиот естаблишмент. Денес нивната мудрост им е достапна на сите- тие имаат безброј рубрики во списанијата (или дури и цели специјализирани изданија), серијали на телевизија, блогови на интернет…Тие се неизоставен дел од животот на манекенките, глумиците, спортистите, музичарите… Нутриционистите знаат што треба да се јаде кога лунарниот циклус е на половина пат, тие без срам ќе ви кажат дека не смеете да јадете авокадо ако сте крвна група АБ, тие ќе ве посоветуваат за витамините, протеините и останатите „ини“.
    Сепак, никој од овие висококвалификувани, умни филантропи (бидејќи тие воопшто не го делат своето знаење и мислење заради заработка) не можеше да разреши една моја дамнешна дилема: Дали месниот појадок може и смее да се јаде за вечера?

Камелеони

    Порано беа во шумите, висеа на гранчињата, дремеа на листовите. Со јазиците како стрели, го сечеа воздухот, без глас, без напор. Сè помало од нив беше нивен плен. Тие беа сè: и камен и кора од дрво и овенат лист. Тие беа треливи и алчни и повеќе отколку што им беше потребно за да станат круг од ланецот на исхрана. Со часови знаеја да бидат нешто друго, трансформирајќи се како маѓесник час во куп трева, час во мравјалник. Срцето би им чукало таман колку што треба, а вдишувањата би биле плитки, кратки и неприметливи. Само очи… тие незаситни скитници како воденички тркала никако немаат мир. Само очи, тие предавнички заоблени топки на лицето, само тие можеа да ги разоткријат сите тие фантастични маски.
    Потоа дојдоа меѓу нас. Сега се во градовите, во куќите, во парламентите. Тие се насекаде. Тие се наши соседи, војсководци, наши кумови, љубовници… Поради нив никој веќе не разликува пријател од непријател, добро од зло, доблест од маана. Камелеоните на денешницата имаат кожа за сè и се пресоблекуваат по потреба. Учат и се прилагодуваат многу брзо.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+