Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 69 | година XII | ноември-декември, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 69ноември-декември, 2009
Проза

Прибор за гости

/11
стр. 1
Румена Бужаровска

    Со сестра ми почнав да живеам откако почина мажот ѝ, Бог да го прости. Добар човек беше, но како излегуваше на крај со Бела сите тие години, не знам. Ми се чини дека, кај и да е, и мене ќе ме умре.
    Сестра ми се нарекува себеси „мултимедијален композитор – музичар“. Кога ја озборувам со пријателите, ја нарекувам музикант бидејќи во принцип не знае да свири ништо освен пијано, а и тоа го прави лошо. На пример, одбива да свири класична музика бидејќи пред многу години некој ѝ рекол дека под нејзините прсти Шопен звучи како чекан врз наковална. Тоа може да сум го рекла и јас, но не е битно. Битно е дека по таквиот коментар, а веројатно и сличните што ги добивала во текот на своите студии, Бела почна да свири некаковси модерен џез со кој моите уши не се согласуваат ни до ден-денес.
    Долго време со таквиот џез концентираше пред публика полна со жени чии фризури беа беспрекорни однапред, а бушави одзади, или пак млади момчиња со стиснати усти и очила со дебели рамки. Потоа одеднаш стана и композитор, па почна да пишува „современа“ музика. Моите уши имаа уште поголем проблем со оваа музика, ако воопшто можам така да ја наречам. На почетокот таа главно се состоеше од удирање на еден клавиш од долниот регистар на пијаното, и држење на тонот сè дури тој не исчезне. Потоа настапуваше стакато удирање на клавиш од повисокиот регистар, кое беше проследено со голема галама во средните тонови, и така тоа се повторуваше до крајот. Мене сиот тој „дијалог“, како што понатаму го нарекуваа критичарите, повеќе ми наликуваше на „дијалозите“ кои ги имаа дома со нејзиниот покоен маж Симон отколку на какво било уметничко дело.
    Експериментите на сестра ми со музиката еволуираа и во полето на оркестрацијата. Бидејќи Бела отсекогаш беше во тек со современите трендови, брзо сфати дека најбараната уметност со потекло од Балканот мораше некако да биде поврзана со војна, за странците да можат да се идентификуваат со единствената работа што ја знаат за балканските простори, а патем да се горди што се сочувствително трогнати од огромната болка која ја преживеале луѓето од овие региони. Така, првата композиција на сестра ми се викаше „Крвав пречек“ и почнуваше со истрел од пиштол.
    Се разбира, изведбата во живо почна со истрел од каписла на пиштол, па меѓу првите редови од публиката страшно засмрди и една бабичка почна да кашла. Диригентот беше тој кој ја имаше


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+