Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 69 | година XII | ноември-декември, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 69ноември-декември, 2009
Есеи

Осаменост на обликот

– Фотографиите на Алфред Штајглиц: од реалистични урбани њујоршки пејзажи до апстрактен импресионизам –


/12
стр. 1
Наташа Сарџоска

Spring Showers – New York 1900 from Camera Work 36 – 1911. National Gallery of Art, New York.

Алфред Штајглиц (1864-1946) пораснал во типична њујоршка куќа изградена од црвени тули, на Менхетен во Њујорк; како американски фотограф со германско потекло, во него се врежува интер-културолошко влијание од неговата европска уметничка позадина и неговиот уметнички развој во Њујорк. Неговото семејство се сели во Берлин каде Штајглиц изучува механичко инженерство, но наскоро, импресиониран од пејзажите на холандскиот морски брег и германските шуми, започнува да ги прави првите фотографии. Токму така неговото враќање во Њујорк станува плодно: станува издавач и уредник на важни списанија како American Amateur Photographer и Camera Club of New York, познат уште како уметничка ревија со име Camera Work (1903), која ќе инкорпорира разни статии за уметност, фотографија, репродукции на американски и европски фотографии и есеи. „Camera Work беше најлуксузното и најскапо фотографско списание на тоа време (…) тоа беше најнапредниот американски месечник целосно посветен на уметноста“.[1] Имено, Вилијам Инс Хомер вели дека токму благодарение на Camera Work, мистериите на модерната уметничка американска елита ќе бидат разоткриени. Всушност, како што подоцна ќе видиме, Штајглиц е важен во историјата на фотографијата и на уметноста зашто тој ја превреднува фотографијата давајќи ѝ огромна и неограничена слобода на пикторескна експанзија. Тој ја редефинира фотографијата низ откритието на нејзината врска со другите визуелни уметности. Велан, во биографијата на Штајглиц, објаснува зошто фото-дискурсот на Штајглиц беше поинаков. Ќе каже дека „камерата природно го надмина најталентираниот сликар при најпрецизната делинеација на формата“ и дека е на некој начин бесмислено за сликарите да се обидуваат да го сторат она што фотографијата го чини подобро – а дека од друга страна, пак, е исто толку бесмислено фотографијата да се обидува да ја повторува онаа „(…) второстепена илустрација“[2]. Научниот метод на Штајглиц се состоел во мешање на перцепцијата на окото, на уметничкиот род, на фотографскиот привид и на влевање чувство на смеша меѓу импресионистичкиот преглед и еден вид западно-јапонска репродукција на пејзажот.
    

O'Keefe, 1918.

    Неговите рани фотографии се интер-текст на европскиот питорескен стил, додека неговата подоцнежна работа е во длабина фокусирана на неколку субјекти, вклучувајќи ги урбаните слики на градот Њујорк. Неговото останато творештво, како облачниот циклус, што тој ќе го нарече Equivalents, е експлицитен предизвик на метафизичкото прикажување на беспрекорно чистите можности на светлосната кондензација. Циклусот портрети на неговата сопруга, контроверзната сликарка Џорџа О’Киф и циклусот акти како храбра уметничка перцепција на фотографијата, отвори ново поглавје во слободното претставување на женското тело и сексуалниот копнеж во фотографиите во Америка. Освен тоа, можеме да кажеме дека неговите фотографии

_____________________________________

1. HOMER, William Innes, Alfred Stieglitz and the American Avant-Garde, Boston New York Graphic Society 1977, p. 38.
2. WHELAN, Richard, Alfred Stieglitz: a biography, Little, Brown and Company Canada Limited 1995, p. 277.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+