Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 69 | година XII | ноември-декември, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 69ноември-декември, 2009
Критика

Les belles lettres sans pardon

Предговор за антологијата на македонски современ расказ
DON’T YOU FYROM ME


/5
стр. 1
Весна Мојсова-Чепишевска и Ангелина Бановиќ Марковска

    Повеќето антологии започнуваат со извинувања, оградувања и особено со изразување жалење, во стилот „просторот е тесен“, „бројот ограничен“… Впрочем, и во ова прилика бевме ограничени, но тоа ограничување се однесуваше само на бројот на страниците (тој да не ја преминува бројката од двесте), така што, самите си ги создадовме правилата, точката од која ќе почнеме и границата на која ќе запреме. Сепак, главната одлика која нè водеше сето време низ оваа авантура беше страста. Страста во пребарувањето, во селектирањето, во исчитувањето, препрочитувањето… И овој текст, впрочем, е пишуван со страст, а причината за неа лежи во радосната можност да ѝ се приопшти на хрватската читателска публика, најновиот македонски прозен израз. А сè започна како обична покана за танго. Нè покани Златко Крамариќ. И во таа тројна игра Тој, Јас и Јас испишавме многу лесно круг со дијаметар на нашата македонско-хрватска писмотворна иднина.
    Секоја стилска формација негува или урива некаков жанр, се дефинира по однос на него. Македонската постмодерна се дефинира себеси по однос на расказите што ги протежира. Не дека романот го нема во нашиот литерарен 21 век – впрочем, постмодернизмот е една полижанровска формација која го пречекорила строго дефинираниот поим деконструирајќи ги неговите граници – но жанрот е денес хибрид кој отвора простор за кратката проза, како клучна форма во македонската постмодернистичка поетика. Велат, расказите се огледало на актуелната состојба, а таа покажува дека не постои доминантен раскажувачки модел во нашето прозно писмо. Секој, на свој начин, си ја раскажува својата приказна.
    Оваа антологија е една наша приказна и како таква таа е еден вистински радосен чин, како за нас кои работевме на неа, така и за оние кои ќе се решат да ја имаат во свои раце. Само на тој начин, преку взаемна комуникација (меѓу оние кои го одбрале материјалот и оние кои го прифатиле), може да ни се случи препознавање. Инспирирани од бифокалната перспектива за Македонија – онаа создавана од светот за нас, или барем од оној дел на светот кој нè доживува како мрачен топос на балканска хаотичност и непросветеност, и другата, нашата, создадена од нас самите кои се доживуваме себеси како колонизирани субјекти, жртви на светскиот културен империјализам – нè поттикна кон идејата да ѝ претставиме на хрватската читателска јавност еден панорамски преглед на најпровокативните македонски писатели родени помеѓу 50-тите и 80-тите години на минатиот век.
    Овој предговор нема намера да даде книжевно-теоретско исчитување на македонскиот современ прозен израз. Има само намера да го воведе читателот во читањето






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+