Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 69 | година XII | ноември-декември, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 69ноември-декември, 2009
Критика

Don’t You FYROM Me

– современ македонски расказ –
(Književna revija, Ogranak Matice hrvatske, Osijek, br. 2-3/2009)
Предговор кон изданието


/3
стр. 1
Златко Крамариќ

    Без сомнение – поранешната заедница на јужнословенски народи функционираше како сериозна држава – ги имаше сите потребни атрибути: од репресивни државни механизми (тајна полиција…), до судови и контролирани научни и културни институции кои, исто како и судовите, беа за нијанса преимпрегнирани со монистички поглед на свет (особено општествените науки кои учествуваа во суровото произведување на таканаречените „инженери на духот“ или „рибари на човечки души“). Но големо прашање е сега, дали таа „сериозна“ држава функционираше некогаш како општество, или уште повеќе, дали воопшто функционираше како „пристојно“ општество (со некаква обврска, ако ништо друго, барем чувствителните единки или групи, да ги претстави во позитивна светлина).
    Не бев единствениот кој во тие „оловни“ времиња знаеше да поставува незгодни прашања од типот: „дали просторот од Триглав до Вардар може да се смета за хомоген“, или: „може ли тој јасно дефиниран политички простор да се смета за компактно општество“? Но, и тогаш, како и сега, впрочем, повеќе од јасно беше дека во тоа општество спротивностите беа очигледни, макар што дежурните идеолошки хигиеничари нè уверуваа дека драматични „разлики“ – пукнатини во таа „совршена“ заедница – не постојат, дека сме злонамерни, дека само лошо гледаме и погрешно интерпретираме. Во таа артифициелна заедница сите нешто зборуваа, брбореа, но никој никого не слушаше!
    Го паметам последниот (југо)славистички конгрес во Нови Сад, кој се одржа на есен (некаде на почеток од октомври), 1988 година. Додека говорев за недостигот од комуникација меѓу југословенските литератури, надвор од конгресниот центар на хотелот „Парк“, паралелно со моето излагање, „се случуваше народ“ кој само со неколку фрлени јогурта и популистички пароли, за неколку месеци предизвика збрка кај тогашната политичка елита. Тоа прво сериозно излегување на разгневениот и изманипулиран народ на улиците, од корен ги промени политичките односи во тогашната држава. Дијагнозата на Жак Рупник се покажа точна – националистичките страсти, со своите бескрајно силни можности за мобилизација, беа повторно на дело… И додека една владејачка парадигма исчезнуваше без трага, друга (демократската) сè уште ниту се наѕираше!
    Мојот реферат мина незабележливо – колегите слависти сметаа дека е чист опортунизам да му се претпоставува на реалниот некој виртуелен свет! И воопшто не им беше јасно, како некој можеше да тврди дека не постои комуникација меѓу југословенските литератури. Не минаа ниту десетина години кога повторно некои (како Игор Мандиќ, на пример) докажуваа дека постои комуникација меѓу хрватската и српската литература, додека други (Станко Ласиќ) застапуваа мислење слично на моето, она кое го бев констатирал претходно во Нови Сад. А дека тоа






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+