Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 01 | година I | март, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 01март, 1998
Есеи

Интернет на дело

/4
стр. 1
Александар Прокопиев

    Познато е колку Борхес влијаел врз поетичките ставови на пост-модерните книжевни теоретичари, а од друга страна евидентно е дека водечките, особено француски, пост-модерни мислители се широко прифатени на американските универзитети (со препознатливиот американски вишок на ентузијазам). Преку Интернет, пак, користењето на терминот постмодернизам влегува во глобална (условно, светска) употреба, со изразено зголемена можност за информирање кај просечниот корисник[1]. Да се дискутира за пост-модернизмот станува природно и меѓу ткн. лаици, кои сосем слободно ги користат термините интертекстуалност, маргина, пачворк, набор, цитат… еден малечок арсенал за основно образование на постмодернизмот. Промената на вкусот, и така карактеристична за ХХ век (што Xило Дорфлес убедливо го покажува врз примерот на рецепцијата на модерната уметност[2]), станува кон крајот на вториот милениум уште поконфузна. Од една страна е книжевната теорија, сè повлијателна и посамодоволна, со својот мета-јазик кој освен што има намера, и тоа на необврзан начин, да биде категоријален, постојано е склон да натрпува нови појмови, од друга, пак, се конзументите на литературата, читателите, кои и покрај завршените „прво и второ одделение“ на постмодернизмот, многу повеќе уживаат во голтање на освестувачките“ дела на Куељо, Мандино, Пек и особено – во гледање филмови.
    Визуелната комуникација станува најпрактикуван и најексплоатиран дел на современата масовна култура. Конзумирањето на филмови, ТВ дневници, серии, спотови, политички, спортски, или музички спектакли, речиси секогаш миксирани со технолкошко пристојно спакувани реклами, е секојдневна навика на „просечниот“ гледач пред ТВ приемникот. Често е анализиран односот на тој гледач со ткн. „сапунска опера“, неговото соживување со главните личности на овие долготрајни предвидливи ТВ приказни. „Јунакот, на некој начин, е бесмртен… Тој е продолжено сега, односно ништо, тиква без корен. Од причина што ништо не му се случува (есенција), може да му се случи сешто (егзистенција). Често, во некоја серија, се случува, јунакот да биде убиен по неколку

_____________________________________

1. не можам, а да не го прокоментирам често користениот, помоден израз „да се сурфира по Интернет“ што етимолошката врска со „surfing“ = јавање на бранови може да ја оправда единствено преку забавното трошење нас времето, а во никој случај со начинот (особено со ризикот и физичката сподготвеност) на кој тоа се врши.
2. Gillo Dorfles: „Осцилације укуса и модерне умјетности“, Младост, Загреб,1963






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+