Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 69 | година XII | ноември-декември, 2009



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 69ноември-декември, 2009
Звук Осврти

Том Вејтс: Блесок и проклетство во живо

/2
стр. 1
Остин Л. Реј

„Така, кога бев дете
    татко ми ме седна на колено
    и ми кажа, ми кажа многу работи.
    И рече, ‘сине’,
    секогаш ме викаше сине,
    рече ‘На светов има многу работи,
    сине, кои апсолутно никогаш нема да ти користат’,
    и беше во право“.
    – Том Вејтс, „Среќен ден“
  

Иако би било тешко да се најде поголем стар фраер во универзумот, и покрај сите прилично геријатриски украси кои со задоволство ги нареди во текот на годините (федора шапки, склоност кон скитање, итн.) шеесет годишниот Том Вејтс е навистина млад во душата, весело се лизга меѓу песните, секои неколку години се појавува како чуден карактер, и го задржува секогаш шеговитиот поглед на свет.
    Glitter and Doom (Блесок и пропаст) е третиот жив албум во неговата 35+ годишна кариера. За снимањето на Nighthawks at the Diner (Ноќни птици во ресторан) во 1975-та, во студиото во Лос Ангелес набрзина била повикана мала публика пред која Вејтс, придружуван од џез бенд, настапил со приказни, шеги и сосем нови песни. Настапот го отворила стриптизета со име Дувана. На другиот крај од спектарот се наоѓа Big Time (Најголем успех) од 1988 година, постандардна жива плоча со неколку претходно необјавени песни и, за жал, без интересна придружна приказна.
    Glitter and Doom повеќе наликува на вториот албум, но тоа не значи ништо лошо. Албумот е компилиран од Вејтсовата турнеја во 2008-та (која го опфати поголемиот дел од југоисточниот дел на САД и неколку европски престолнини), и е поделен на два диска: едниот со песни а другиот со една единствена 35-минутна трака на која Вејтс настапува како комичар, расфрлајќи се со интересни факти и повремено придружувајќи се на пијано. Обата диска се уредени за да понудат една целина, и покрај фактот што тоа очигледно не се. Ова е добро, зашто песните се навистина добро одбрани а слушателот сепак може да почувствува како е да се присуствува на некој од легендарните живи настапи на Том Вејтс.
    Како и многумина од неговите музички современици – Боб Дилан, Мик Џегер, Брус Спрингстин, итн. – гласот на Вејтс знаел и за подобри моменти. Тој започна да го култивира своето препознатливо стружење децении пред овие живи снимки, и иако не може баш да го повтори слаткиот глас од љубовните песни во своето осамено деби во 1973-та, Closing Time (Фајронт), нему тоа не му треба (ниту, пак, на ова издание се обидува); неговите груби вокали им даваат нов живот на нежните балади и го зголемува немарниот шарм на неговите и онака брутални песни. Како некој крајно тврдоглав






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+