Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 70 | година XIII | јануари-февруари, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 70јануари-февруари, 2010
Поезија

Минатата ноќ поет ми го спаси животот

Превод од англиски: Александра Димитрова


/8
стр. 1
Раман Мундаир

Приказни од Шормал
Последниот Валцер
Тежината
Сезона на крв (4)
Вистинска приказна за мечокот
Минатата ноќ поет ми го спаси животот
Крилја од чад
Помеѓу деновите

_______________________________________________________________________

Приказни од Шормал

Овде. Слушни како се крши мразот.
Биди мирен. Ние сме постојано
во движење. Овој пат
води никаде, овој пат
води секаде. Единствено нешто
кое навистина тече е морето.

Морето осамено, морето,
морето заведува, морето,
морето вреска, морето,
морето чувствува, морето,
морето, морето. Во моите соништа

постои пат кој продолжува
долг, долг- засекогаш. Додека
не-засенет, јас не можам да се видам
себеси, но јас сум таму. Не-осамен
преплавен од себе, преплавен од полноќното
синило. Небото се мие преку мене.

Мразот пука, арктичката тундра
се цепи, ги преуредува своите свиоци
праќа тајни пораки на дијалект
до своите нервни завршетоци во Шетланд.
Тука има легнати линии
вибрирачки,  електрично кршливи.


* Шормал – на шетландски дијалект, место каде морето го допира брегот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+