Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 70 | година XIII | јануари-февруари, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 70јануари-февруари, 2010
Проза

Допирот на пијанистот

/9
стр. 1
Мирт Комел

Бурата надоаѓаше, можеше да се почувствува во воздухот, кој беше целосно осветлен од нејзиното присуство, електрифицирана и тешка не дозволуваше никому да крене глава освен на Глен Голд, кој одеше по тротоарот, набљудувајќи ги облаците во движење, како талкаат по небото додека со брз чекор слепо ги одминуваше пешаците по преполната улица.
    Тој побрза да стигне во концертната сала Њујорк за да го фати концертот, Бранденбуршкиот концерт од неговиот омилен Бах. Иако имаше чувство дека доцни, пристигна во концертната хала пред почетокот, па можеше да запре и спокојно да испуши цигара пред да влезе во преполното лоби, исполнето со главно повозрасни луѓе. Тој никогаш не сфати зошто редовните посетители на концертите за кои е потребно особено префинето уво, се главно постари луѓе, полуглуви и, така да се каже, со увото в гроб. Пушеше пред салата гледајќи ја целата таа гротескна шарада која поминуваше, серија од господа облечени во монотоно вечерно црнило и покриени со здодевни сиви капути, сивокоса стара дама со шарено-црвен чешел, која така нашминкана изгледаше како остарена проститутка, дебела, гадна дама со големо едноделно парче облека, кое на неа изгледаше како несовесно бел лист, придружена од помал, дебел, богат господин, уште една, која се разликуваше во сличноста со другите од страна поради еден сто години стар опаш од ластовица, но уште повеќе поради тоа што беше придружена од сто години помлада жена, облечена во многу кратко здолниште со длабоко деколте, и уште и уште од истото „старо добро општество“, за што помисли дека единствената добра причина за нивното постоење се нивните полни џебови кои ги правеа можни настаните како овој. На некој начин, тој ја почитуваше нивната глува поддршка на музиката, поддршка од некого кој не може потполно да ужива во она што го љуби, но сепак продолжува во тоа; ова за него беше, освен гротескно, некој вид благороден трагичен квалитет на повеќето глуви на концертите.
    Сепак, ги мразеше случувањата во високото општество, а овој вид особено, пред сè поради скапите вечерни костуми и претенциозноста со која беа носени: ако воопшто фустанот кој добро изгледа може да помогне во слушањето и разбирањето на музиката! Без разлика, и самиот Глен внимаваше да биде добро облечен на концертите, не само за да се сокрие во толпата: се облекуваше во црно за да ѝ укаже чест на смртта на музиката, бидејќи во секој концерт, во секој перформанс тој ја слушаше нејзината краткотрајност, која за разлика од сликата или статуата, на крајот од последниот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+