Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 70 | година XIII | јануари-февруари, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 70јануари-февруари, 2010
Проза

Момчињата никогаш не плачат

/5
стр. 1
Мима Симиќ

Дамка жолто светло повремено се појавува на прозорецот на нашето купе, а потоа ја бришат соголените гранки на високите стебла кои растат во мочуриштето покрај железничката пруга. Возот се движи бавно, дамката од месечината на дебелото сино валкано стакло трепери и потреперува како кибритче на ветар. Три лименки пиво на пластичната маса пред нас – ќе го натопам ова патување со алкохол, ќе го запалам моментот, а потоа во пепелот ќе ја барам приказната.
    Моите пријателки се луди како мене, но само затоа што пивото е на моја сметка. И картите. Го фативме последниот воз, ќе пристигнеме таму по полноќ – а не сме сигурни каде живее, ниту дали ќе успееме да ја пронајдеме. Поинаку е во нејзиното родно место – толку е мало што нема трамвај ниту автобус, може да се преоди за миг, и сигурно е како направено од лего коцки – а сепак, ние не го познаваме и ќе се изгубиме меѓу неговите патеки, во совршено тркалезните лего дупчиња со чисти бои, излиени.
    Назад по пругата, во градот, таа ги преспива деновите и учи ноќе. Пред повторно да отиде на спиење, босонога оди по улиците – утринската роса го разладува асфалтот до температурата на нејзините стапала. Големиот град не ја плаши во матното зазорување, тогаш ѝ припаѓа само нејзе, сивата ѝ станува омилена боја. Се враќа во стивнатиот студентски дом и оркестарот на нејзиниот туш им праќа звуци на водоводните цевки, десет соби низ ходникот, поплавувајќи ми ги сништата. Пред да оди на спиење става капки за очи во очите, капки за нос во носот, крема за раце во кожата која е толку мека што тече, и ја втрива антибактериската крема во лицето, чистејќи се до храмот, породилното одделение. Се лизнува под покривките, со тело опуштено во пижамите, слободно како празен автопат. Тогаш го исклучува будилникот на цимерката и исчезнува.
    Нејзината цимерка Јања е мојата најдобра пријателка која понекогаш ѝ го чита дневникот. Така знаеме сè за босоногите шетања, зближувањата со градот, и така знаеме за нејзината нова омилена боја. За останатите ритуали дознавам од Јања, која секогаш доцни на утринските предавања. Понекогаш тајно ги намирисувам на нејзината перница, кога неа ја нема во собата, а Јања е во бањата. Поради нејзиниот чуден распоред на спиење и фактот дека заминува дома за викенд ретко ја гледам, а понекогаш не ја ни препознавам кога ќе ја сретнам на попладневните предавања или во мензата. Кога ќе се најдеме во исто друштво, разменуваме






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+