Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 70 | година XIII | јануари-февруари, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 70јануари-февруари, 2010
Есеи

Да се живее, значи да се танцува танго

/8
стр. 1
Наташа Сарџоска

Тангото е старо колку и човекот: се родило со првата душевна болка.
    Тангото е љубовна приказна што трае три минути, двосмислен разговор без зборови, вертикален израз на хоризонтален копнеж.
    Тангото правеше што сака со нас и нè водеше и нè губеше и ни наредуваше и повторно се враќаше да нè најде

    Хорхе Луис Борхес

Танцот е внатрешна и надворешна уметничка форма, психолошко и физичко движење чијшто израз пренесува, поместува и праќа пораки на многу силен начин. Филозофски закон на движењето, танцот е исто така и естетска метафора на обзнанување на животот и спознавање на светот. Но и многу повеќе од тоа: танцот ткае цели историски епохи и раѓа автентични култури. Токму таков танц е аргентинското танго.
    Приказната за тангото започнува во втората половина на деветнаесеттиот век. Неговото потекло разгорува контрадикторни дискусии. Зборот танго во кралската енциклопедија на Шпанија во 1803 се дефинира како „Забава и танц на црнците од Африка и на народот од Јужна Америка“. Според некои историчари, зборот има африканско потекло и етимолошки доаѓа од зборовите „там-там“ и „кандомбе“, користени во некои африкански танци. Во дијалектот боза „тока танго“ го означувал почетокот на танцот. Освен тоа, многу африкански робови „танго“ го нарекувале просторот каде што тајно се собирале. Други теории, пак, велат дека овој танц се здобива со автентична форма во периодот на европските имиграции во Аргентина, околу 1800 год., кога со пристигнувањето на претежно машка популација се засилува присуството на борделите. Крај Рио де ла Плата бродови со италијанска, германска, руска, англиска, полска, еврејска и шпанска култура се судираат со веќе постоечките танци и движења на заседнатите аргентински каубојци, т.н. gauchos, со африканското кандомбе и кубанската хабанера. Тој фантастичен сублимат на танцови екпресии ќе доведе до појавата на нова форма: милонга – спој на поезија, имигрантска тага, полска мазурка, валс и кубанска хабанера. Милонгата ќе стане танц на сиромашните.
    Тангото настанува на улица, во темни и несигурни квартови, во озлогласени барови како утеха на имигрантите, коишто сонувајќи богатство се соочувале со улично разбојништво, криминал, кланици. Затоа првото танго го заигруваат т.н. compadritos, маалските мангупи коишто танцувале по калдрмите со улични свирачи, во темни градски квартови наречени arrabal, каде што одекнуваат бандонеон и виолина. Играат мажи со мажи, зашто на жените не им било дозволено на јавни места да танцуваат, односно воопшто не смееле да танцуваат доколку припаѓале на класа повисока од ниско-средната. Дури подоцна тангото се преселува во борделите каде што за првпат жените почнале да го танцуваат. Затоа духот на овој






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+